Фетел: Не се сомневам дека Хамилтон ќе успее со Ферари

May 11, 2025
1 min read

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, го поддржа својот поранешен ривал Луис Хамилтон, поради тешкотиите што Британецот ги доживува откако се пресели во Ферари на почетокот на годината.

Тешкотиите што го мачат Хамилтон се добро документирани, но според Фетел, кој возеше за Ферари од 2015 до 2020 година, Британецот ќе најде начин да се справи со нив. Германецот исто така изјави дека овие тешкотии биле сосема очекувани, бидејќи животот во Ферари е сосема поинаков.

-Не ги знам сите теми, па затоа немам целосна слика. Но, очигледно промената е голема, особено за Луис. Ферари има свои правила, своја култура, тимот е сосема поинаков. Знам дека прават сè што можат за да му го олеснат преминот и да го осигурат неговиот успех. И ако некој може да го направи тоа, тоа е Луис. Не се сомневам во неговите способности, изјави Фетел за „Кронен Цајтунг“. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин најави дека утре ќе разговара со претседателот Ердоган за разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул

Следно

Врзал куче за автомобилот, полицијата му поднесе кривична

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop