Победниците на Istanbul Photo Awards: Визуелното раскажување приказни е клучно за разоткривање на суровата реалност

May 11, 2025
3 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Визуелното раскажување приказни е важно за расветлување на суровите реалности, изјави палестинскиот фотограф Саид Џарас, кој ја освои наградата за фотографија на годината на овогодинешниот „Istanbul Photo Awards“, известува Анадолу.

На Натпреварот „Istanbul Photo Awards“ што Агенција Анадолу го организира 11-та година по ред, им беа доделени на 29 фотографи во десет категории. Изборот е направен од околу 22.000 пријави од целиот свет, што е доказ за растечкиот углед на натпреварот, кој од своето основање привлече повеќе од 20.000 фотографи ширум светот.

Џарас, кој ја претставува медиумската куќа „Middle East Images“, ја освои првата награда за неговата впечатлива фотографија насловена како „Газа-Деир ал-Балах“.

Тој ја опиша длабоката одговорност својствена за неговата професија, истакнувајќи дека фоторепортерот мора да ги документира настаните со искреност, интегритет и почит кон инволвираните луѓе.

Неговата победничка фотографија, објасни Џарас, означува еден вид пресвртница.

„Оваа фотографија претставува клучен момент во мојата кариера, одговорноста да ја документирам вистината и да им дадам глас на оние кои повеќе не можат да зборуваат“, рече тој.

Тој верува дека тоа служи како витален потсетник за важноста на визуелното раскажување приказни во откривањето на тешките вистини и обезбедува болката и загубата да не бидат заборавени.

„Служи како потсетник бидејќи визуелното раскажување приказни е важно за расветлување на суровите реалности“, рече Џарас.

– Моќ да поттикнуваме промени

Џарас цврсто верува во способноста на фотографијата да ги надмине бариерите.

„Убедливата фотографија може да ги пробие политичките бариери, да предизвика наративи и да поттикне промени“, рече тој.

Тој додаде дека ваквите слики ги принудуваат луѓето да се соочат со непријатни вистини, со поттикнување емпатија.

Раскажувајќи го моментот кога ја направил наградената фотографија, Џарас рече дека во тие моменти бил преплавен со длабока тага и шок.

Во тој тежок момент, тој пред себе гледал мајка како ги држи своите две деца кои биле убиени во израелски воздушен напад, додека таткото стоел во состојба на целосно неверба, а преживеаното дете неконтролирано плачело.

Џарас ги истакна и значајните предизвици за фотографите, вклучувајќи го справувањето со силните емоции на присутните и психолошкиот стрес од сведоштвото на трагичните сцени.

Неговата примарна цел, и покрај огромната емоционална тежина, била да ја документира трагичната реалност и на светот да му ги пренесе страдањата.

– Измешани емоции

Тој рече дека веста за наградата кај него предизвикала сложен и измешан бран на емоции.

„Кога ја слушнав веста, бев преплавен со измешани емоции, благодарност, неверба и задлабочено размислување“, рече Џарас.

Тој истакна дека наградата не ја гледа само како личен триумф, туку и како признание за приказната зад фотографијата и животот што таа го претставува.

Признанието, рече Џарас, е исклучително важно бидејќи ја потврдува моќта на визуелното раскажување приказни да привлече внимание кон клучните прашања. Тој рече дека фотографијата не е само снимање на кадар, туку таа им дава и глас на оние кои ја изгубиле способноста да зборуваат.

Џарас рече дека наградата им ја посветил на семејствата погодени од војната и на сите новинари и фотографи кои ги ризикуваат своите животи за да ја документираат вистината и додаде дека таа го мотивирала да продолжи со својата работа со уште поголема посветеност.

Тој додаде дека бил запознаен за репутацијата на „Istanbul Photo Awards“ како престижен меѓународен натпревар и го пофали како платформа која ги истакнува клучните глобални прашања.

– Документирање на отпорот среде болката

Фоторепортерката Самар Абу Елуф од Газа ја освои првата награда во категоријата „Портрет приказна“ за нејзината трогателна серија насловена како „Преживеаните на војната во Газа“, која ја изработи за „Њујорк тајмс“. Нејзината работа хронолошки го следи тешкото патување на Палестинците повредени во конфликтот во Газа кои добиваат медицинска нега во Катар.

„Моите емоции беа длабоки и тешки додека фотографирав и ги слушав приказните на ранетите Палестинци“, рече Абу Елуф. Таа додаде дека се чувствувала беспомошно пред нив, преплавена од ужасот што го доживеале.

Абу Елуф истакна дека нејзиниот фотографски пристап му дава приоритет на длабоката човечка поврзаност.

„Бев длабоко посветена на тоа да бидам близу до нив, да ги слушам нивните приказни и низ што сѐ поминале, дури и пред да помислам да фотографирам. За мене, тие не се само слики. Тие се дел од мојата сопствена приказна“, рече таа.

Оваа серија, додаде таа, е продолжение на нејзината долгогодишна посветеност.

„Овие слики се продолжение на патувањето што го започнав во Газа пред 14 години. Посветеност на раскажување приказни, на расветлување на животот под опсада и трајната суровост на војната“, рече Абу Елуф.

Откако претходно ја освои втората награда во категоријата „Единечни вести“ на натпреварот во 2024 година, Абу Елуф ја смета овогодинешната награда за особено значајна бидејќи помага важни приказни од Газа да се пренесат во светот, приказни за кои вели дека треба да се видат, слушнат и запомнат.

Иако е горда на ова достигнување, таа ја призна тешкотијата да се почувствува конвенционалната радост, со оглед на тековната хуманитарна криза во Газа и страдањата на нејзиното семејство.

„Самата приказна и луѓето на фотографиите се премногу тешки и испреплетени од болка“, рече таа.

Наградите за фотографија во Истанбул станаа камен-темелник на глобалното фотоновинарство, славејќи ја уметноста на визуелното раскажување приказни, а воедно расветлувајќи ги критичните прашања низ целиот свет.

Оваа година, натпреварот „Istanbul Photo Awards“ е поддржан од Турксел како спонзор за комуникации, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) е спонзор за меѓународни активности, а Туркиш ерлајнс (THY) е делумен спонзор за транспорт.

Повеќе информации за наградените фотографии и членовите на жирито може да се најдат на линкот istanbulphotoawards.com.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Утрово изменет сообраќај во Скопје поради улична трка

Следно

Новак Ѓоковиќ ќе настапи на АТП турнирот во Женева

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop