Студентите од регионот заедно во Скопје, бараат меѓусебно признание на дипломите и независен инвестициски фонд

May 10, 2025
1 min read

Иако доаѓаат од различни држави, студентите од регионот се соочуваат со слични проблеми. За да зборуваат за нив и да побараат решенија за предизвиците со кои се соочуваат, младите се собраа во Скопје на вториот студентски форум. Студенти од Македонија, Албанија, Косово и Србија потпишаа заедничка декларација, која според Бленди Ходаи од Форумот за промени во образованието, има за цел да изврши притисок за забрзување на процесот на усогласување на дипломите од универзитетите во Западен Балкан, што е дел од Берлинскиот процес.

„Потоа ќе се гласа и за студентската резолуција, каде една од клучните точки е барањето до институциите во Македонија да се формира независен инвестициски фонд за образование, кој нема да биде финансиран само од Министерството за образование, туку и од други спонзори, со цел да се постигне поголема финансиска еднаквост меѓу универзитетите и високото образование во земјата.“, вели Бленди Ходаи од Форум за промени во образованието.

Претставниците на студентските организации од земјите од регионот ја истакнаа важноста од останување поврзани и заедничко делување за унапредување на квалитетот во високото образование и борбата против корупцијата и нетранспарентноста.

„Нашата идеја е заеднички не само да споделуваме различни идеи, не само да се поврзуваме културно, туку и да продолжиме со унапредување на нивото на високото образование и пошироко. Верувам дека обединувањето носи сила не само меѓу организациите, туку и меѓу државите.“, изјави Адриатик Луљиќи, извршен директор на „United youth task force“ во Косово.

„Тоа што е важно, што сега се случува во Србија, е една нова енергија, каде што студентите на некој начин го преземаа водството над народот, за државата да се води како што треба и ми се допаѓа што таа енергија се пренесува и во другите држави од регионот и Европа.“, вели Лазар Беговиќ, претседател на институтот за младински активизам и диверзитет Србија.

–Знаејќи дека студентскиот живот има многу проблеми, ваквите иницијативи покажуваат дека студентите секогаш се тука за да покажат како нештата што секојдневно ги прифаќаме како нормални, всушност се многу кревки, и како можеме секогаш да им се спротивставиме за да го подобриме нашиот и животот на целата заедница-рече Јан Кола, граѓански отпор Албанија.

Ова беше вториот студентски форум, што се одржа во текот на два дена, со различни говорници кои дискутираа за теми што главно ги засегаат младите. Овогодинешниот настан се одржа под мотото: „Стани. Подигни се. За нашите права. Едни за други. За иднината што ја заслужуваме.“

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УАКС одбележува 20 години визија и посветеност на квалитетно образование по светски стандарди

Следно

Трамп потпиша претседателски декрет со кој им се дозволува на имигрантите „бесплатен лет надвор од САД“

Latest from Blog

Кредибилитетот што го изградила во НАТО, Македонија да го искористи за деблокада во ЕУ, предлага Шекеринска

Кредибилитетот што Северна Македонија го изградила како сигурен, одговорен и рамноправен сојузник во НАТО треба мудро да се искористи за надминување на билатералните предизвици и за откочување на процесот на европска интеграција,

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за

Колку лица годинава заработиле кривични пријави поради предизвикување на пожари?!

Во текот на актуелната 2026 година, од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела „предизвикување општа опасност“ против 10 сторители, велат од МВР,

Проданоски: Младите се чувари на македонската музичка традиција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на концертот „Како дишам јас“, на кој Сергеј Настески заедно со своите колеги приреди музичка вечер исполнета со автентичниот звук на македонската народна традиција. Во
Go toTop