„Загревање“ пред трката за локални избори, официјално дел од имињата ќе бидат познати во јуни

May 10, 2025
1 min read

На само пет месеци пред одржувањето на локалните избори, политичките партии се уште не ги откриваат своите адути во трката за градоначалници.

Во ВМРО-ДПМНЕ се уште трае процесот на сондирање за можните кандидати, а како што изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со еден дел од кандидатите ќе излезат до крајот на месецов, додека за Град Скопје ќе се знае нешто подоцна. Сепак, како што велат, кандидатот ќе биде од редовите на партијата, за разлика од претходните избори кога излегоа со Данела Арсовска како натпартиска личност. Се уште неофицијално, се калкулира со имињата на министерот за локална самоуправа Златко Перински, со градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, но и со поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски.

„Првиот бран на одлуки ќе биде во втората половина на мај за определени општини каде што веќе тоа е кристално јасно. Голем дел од постоечките градоначалници ќе трчаат за втор пат, така што сметам дека имаме одлична енергија внатре во рамки на партијата. Името за Град Скопје очекувам да дојде во текот на летото иако постојат, јавно се познати дел од имињата кои што доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, има и други заинтересирани така што се анкетираат во моментот и очекувам дека во средината на летото ќе имаме резултати.“, рече Андоновски.

Слична е состојбата и во СДСМ. Дел од кандидатите веќе се вртат во јавноста и како што истакна Мартин Костовски за Дејли клик на ТВ21 се уште трае внатрепартиската постапка и не можат да соопштат имиња. Дополнително од СДСМ објавија и оглас за самокандидирање за градоначалници.

Како што рече Костовски, најверојатно кандидатот за град Скопје ќе биде познат до крајот на идниот месец. Познато е дека како фаворити во СДСМ се професорот на Архитектонскиот факултет Мишко Ралев како и екс директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

„Во моментот траат паралелно и анкетите, сондирањата и мерењето на јавното мислење бидејќи е најбитно да ги најдеме најпозитивните кадровски решенија кои што можеме да ги понудиме на претстојните локални избори. Станува збор за два прекрасни поединци кои што било кој од нив да биде кандидиран, не се сомневам дека многу подобро на многу позавидно ниво, многу поуспешно ќе го менаџира главниот град“, рече Костовски.

И во албанскиот блок веќе се исфрлија неколку имиња. Така за Тетово каде ќе биде најжестока трката, се споменува дека повторно ќе биде предложен Биљал Касами од ВРЕДИ, додека од Европскиот фронт се споменува Илир Демири, Фатон Ахмети или Бајрам Реџепи. Неофицијално можно е со свој кандидат да излезе и Алијанса за Албанците на Таравари, за кого за сега се уште нема информации дали е можен кандидат за Гостивар. Веќе се вртат и неколку имиња и за Чаир, Кичево, како и Струга.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

Следно

Американскиот претседател Трамп објави дека Индија и Пакистан се договориле за прекин на огнот

Latest from Blog

Кредибилитетот што го изградила во НАТО, Македонија да го искористи за деблокада во ЕУ, предлага Шекеринска

Кредибилитетот што Северна Македонија го изградила како сигурен, одговорен и рамноправен сојузник во НАТО треба мудро да се искористи за надминување на билатералните предизвици и за откочување на процесот на европска интеграција,

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за

Колку лица годинава заработиле кривични пријави поради предизвикување на пожари?!

Во текот на актуелната 2026 година, од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела „предизвикување општа опасност“ против 10 сторители, велат од МВР,

Проданоски: Младите се чувари на македонската музичка традиција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на концертот „Како дишам јас“, на кој Сергеј Настески заедно со своите колеги приреди музичка вечер исполнета со автентичниот звук на македонската народна традиција. Во
Go toTop