Црешите во Македонија над 1.300, во Србија „само“ 370 динари

May 9, 2025
1 min read

Додека во Србија граѓаните реагираат бурно поради високите цени на црешите – кои достигнуваат и до 700 динари, односно околу 371 денар – на македонските пазари ова овошје стана вистински луксуз. На некои зелени пазари во Скопје, килограм први рани цреши се продава и за 1.359 денари, што е речиси четири пати повеќе од српските пазарни цени.

Цената на црешите и во двете земји бележи раст поради слични причини: лоши временски услови во текот на пролетта, зголемени трошоци за производство, инфлација и намален род. Но, во Македонија оваа комбинација резултираше со рекордно висока цена, која го надминува и нивото на повеќето увозни овошја.

Продавачите велат дека се работи за први, рани цреши од Струмичко и Валандовско, и дека цената ќе паѓа во наредните недели. Сепак, за многумина останува прашањето – дали црешите стануваат овошје достапно само за „елитата“?

Пред истекот на владините мерки за замрзнување на цените и ограничување на маржите за над илјада основни производи, надлежните од Владата и Министерството за економија најавија засилени инспекции и уверуваа дека нема да дојде до драстичен раст на цените. Сметаа дека пазарот ќе остане стабилен, без поголеми потреси.

Но, реалноста ги демантираше овие оптимистички прогнози – цените скокнаа веднаш по укинувањето на мерките. Сега останува прашањето: дали и какви нови мерки ќе преземе Владата за да им помогне на граѓаните и да го амортизира ударот врз домашниот буџет?

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија

Следно

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop