Цивилната одбрана во Газа: 75 % од нашите возила се надвор од употреба бидејќи горивото заврши

May 8, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Дирекцијата за цивилна одбрана во Појасот Газа објави дека кризата со гориво предизвикана од континуираните напади и блокада на Израел, го парализирала нејзиниот капацитет за реагирање во вонредни ситуации, а 75 % од возилата за цивилна одбрана се надвор од употреба поради недостаток на гориво, известува Анадолу.

Во писменото соопштение на Дирекцијата за цивилна одбрана во Газа се вели: „75 % од нашите возила не работат бидејќи нема гориво“.

Во соопштението се нагласува дека има голем проблем и со електричниот генератор и уредот за кислород.

Појасот Газа се соочува со длабока хуманитарна криза откако Израел ги затвори граничните премини на 2 март, со што се запре протокот на храна, лекови и хуманитарна помош.

Според извори од палестинската Влада во Газа, во регионот владее широко распространета глад, а бројот на смртни случаи предизвикани од неисхранетост се зголеми на 57. Поголемиот дел од оние што умираат од глад се деца.

Според податоците на Светската банка, 2,4 милиони Палестинци кои живеат во Газа, каде што сиромаштијата значително се продлабочи како резултат на израелските напади во последните 20 месеци, станале речиси целосно зависни од странска помош.

– Прекршувајќи го прекинот на огнот, израелската Армија одново ги започна нападите врз Газа

По прекинот на огнот што стапи на сила на 19 јануари во Појасот Газа, израелската Армија ги продолжи своите насилни напади утрото на 18 март.

Откако израелската Армија ги обнови нападите, убиени се 2.545 Палестинци, претежно постари лица, жени и деца, а 6.856 се повредени.

Бројот на Палестинци кои ги загубија животите во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година изнесува 52.653, а бројот на повредени изнесува 118.897.

Израел, кој го прекрши примирјето, објави дека ќе дејствува со „зголемување на воената сила“ против Хамас, бидејќи ги отфрли новите предлози за примирје.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Загина работник од Бангладеш во Кратово, сопственикот немал работна дозвола!

Следно

Во Арсенал по елиминацијата од ПСЖ донеле одлука за иднината на Артета

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура

Николоски: 130-тонски машини копаат до 28 метри под земја за изградба на најтешкиот дел од автопато Охрид-Кичево

Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот
Go toTop