Современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра сè уште недоволно искористена поради недостиг на кадар и услови

May 8, 2025
1 min read

Современата медицинска опрема во вредност од 18,6 милиони евра останува недоволно искористена или целосно неискористена поради недостиг на стручен кадар, простор и други предуслови, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Извештајот, кој опфаќа ревизија на успешноста на тема „Искористеност на современата медицинска опрема“, укажува дека дел од набавената технологија со години не е ставена во употреба, што го ограничува пристапот и квалитетот на здравствените услуги на национално ниво.

Иако во последните три години е постигнат напредок во регионалната распределба и обезбедување нова медицинска опрема, голем дел од неа не се користи доволно, а некоја е и целосно нефункционална. Причините главно се поврзани со недоволен број обучени здравствени работници, недоволна инфраструктура и отсуство на соодветна системска координација.

Во периодот 2021–2023 година, за јавните здравствени установи (ЈЗУ) биле набавени апарати во вредност од 16,2 милиони евра, а вкупната вредност на опремата предмет на ревизијата изнесува 57,7 милиони евра. Од оваа сума, 13 милиони евра се однесуваат на опрема која не е ставена во функција, а дополнителни 5,5 милиони евра на апарати кои не се користат во полн капацитет.

Меѓу набавените уреди се 9 линеарни акцелератори за радиотерапија, од кои 5 сè уште не се во функција. Истовремено, Клиниката за радиотерапија и онкологија, единствена што ги нуди овие услуги, работи со преоптоварени капацитети, третирајќи околу 2.300 пациенти годишно.

И покрај зголемувањето на бројот на извршени услуги со ангиографи – апарати за снимање на крвни садови – нивната искористеност е далеку од задоволителна, особено поради отсуство на кадар и клинички патеки. Слична е ситуацијата и со компјутерските томографи (КТ), од кои дел се амортизирани, а други не се ставени во употреба поради технички или кадровски пречки.

ПЕТ/КТ уредот во Институтот за позитронска емисиона томографија е единствен во државата и не ги користи целосно капацитетите, а новите мамографи со напредни функции се користат само основно, поради недостиг на дополнителна опрема и обучен кадар.

Во 2023 година е набавен и апарат за роботска рехабилитација, кој почнал да се користи дури од 2024 година. Ревизорите, покрај техничките и кадровските ограничувања, укажуваат и на проблеми со евиденцијата на извршените услуги – несовпаѓање на податоци меѓу ЈЗУ, „Мој Термин“ и Фондот за здравство довело до нереални извештаи и загуба на приходи од најмалку 247 илјади евра.

Извештајот заклучува дека набавките не биле секогаш водени од јасни приоритети и без доволна анализа на просторните и кадровски услови, што сериозно ја ограничува функционалноста и ефектот од инвестициите во здравството.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови руски напади и покрај декларираното тридневно примирје од Путин

Следно

Променливо облачно со сончеви периоди и пороен дожд попладне!

Latest from Blog

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото

Коњановски: Без силни младински политики нема развој на локалните заедници

Во Битола денеска се одржа четвртата средба на Регионалната платформа за млади, на која учествуваа граѓански организации и градоначалници од Пелагонискиот регион. На настанот се обратија претседателката на Про Локал Емилиа Ѓероска,
Go toTop