Светските мапи нацртани со различни проекции можат да ја насочат перцепцијата на општествата

May 6, 2025
4 mins read

АНКАРА (АА)

– Ајнур ШЕЈМА АСАН

Професорот Доналд Хјустон од Универзитетот „Бирмингем“ во Англија изјави дека светските карти кои се нацртани со различни проекции како што се Меркаторовата и Питерсовата, низ историјата влијаеле на перцепцијата на луѓето за тоа која земја или континент е поважен.

Светската мапа, најчесто гледана во училиштата, весниците и телевизиските емисии, е базирана на Меркаторовата проекција развиена од картографот Герард Меркатор во 16 век за полесно наоѓање рути за време на морските патувања.

Оваа најпозната светска мапа бидејќи се фокусира на зачувување на обликот на континентите, копнените површини на екваторот и во тропските предели ги прикажува помали од оние на половите.

Сепак, оваа мапа, која ги прикажува земјите како САД, Европа и Русија како да имаат поголеми површини отколку што всушност се, и покрај развојот на различни техники на проекција, сè уште поради нејзината широка употреба е предмет на политички дебати.

На пример, едно од контроверзните прашања е тоа што Гренланд, кој е блиску до половите, на мапата нацртана со Меркаторовата проекција изгледа поголем од Африка, која е 14 пати поголема од него, што предизвикува дискусии дека земјите во центарот се поважни.

Доналд Хјустон, професор по регионален економски развој на Универзитетот „Бирмингем“ во Англија, во разговорот со дописникот на АА даде коментар во врска со заблудите предизвикани од Меркаторовата проекција.

Хјустон рече дека разгледувајќи ги мапите во кои Европа е во средиштето или оние со средиште околу половите, посочи дека Меркаторовата проекција има поширока употреба во светот.

Зборувајќи дека Меркаторовата проекција е нацртана за навигациски цели и се фокусирала на обликот на земјите, а не на нивната големина, Хјустон објасни дека поради тоа било потребно Гренланд да се нацрта поголем и по ширина и по должина за да се зачува неговиот облик, поради неговата близина до половите.

Наведувајќи дека оваа мапа се користи долго време бидејќи сите се навикнати на неа, Хјустон го истакна следново:

„Од таа причина картата на светот што ја гледаме на повеќето ѕидови во училиштата, во весниците и на телевизија е целосно погрешна. Затоа таа од политички аспект е контроверзна бидејќи ги прикажува посиромашните јужни и тропски земји генерално помали од побогатите земји на север.“

Хјустон посочи дека се нацртани и други мапи, како што е Питерсовата проекција, која се фокусира на пропорционалниот однос на големината, а не на обликот, за разлика од Меркаторовата проекција.

Питерсовата проекција, која ја користат и Обединетите нации (ОН), ги прикажува облиците на земјите поинаку отколку што се всушност, бидејќи ги одразува големините пропорционално. Поради оваа причина, Хјустон истакна дека аглите во Питерсовата проекција се сосема различни и истакна дека проекцијата не е конвенционална, што може да доведе до идејата дека „оваа мапа е погрешна“.

Од друга страна, во врска со способноста на Меркаторовата проекција да манипулира со перцепциите за важноста на земјите, Хјустон го рече следното:

„Постојат дискусии дека тоа што Европа е во средината (на мапата) ја прави да изгледа поважна отколку што е. Но, како што реков, алтернативните мапи во центарот можат да постават различни делови од светот“.

– Алтернативните мапи ги поставуваат различните региони во центарот

Хјустон рече дека во суштина нема научна причина зошто Северниот Пол треба да биде на врвот на картата или зошто Америка треба да биде западно на картата. Со други зборови, мапите можат да се цртаат на начин што ги поместуваат земјите од југот или дури и од истокот во централниот дел.

Според тоа, друга мапа со јужните региони на врвот би можела да ги постави развиените земји на дното, а африканскиот континент на врвот и во центарот на мапата.

На пример, на картата нацртана од географот Мухамед ал-Идриси во 1154 година, со југот на врвот, Арапскиот Полуостров се појавува во центарот, протегајќи се нагоре. Ова се толкува како припишување важност на Арапскиот Полуостров.

Од друга страна, првата мапа на Кина во стар европски стил, „Kunyu Wanguo Quantu“, ја нацртал италијанскиот мисионер Матео Ричи во 1602 година.

Одразувајќи ги „реалноста и очекувањата на Кина“, оваа земја на картата се наоѓа во центарот на светот, а местата кои се предмет на спорови за суверенитет се прикажани како нејзина територија.

Додека Кина, Европа и Африка, каде што хартијата, компасот и барутот биле откриени во раните денови на цивилизацијата, се наоѓаат на левата страна од картата, американскиот континент, кој генерално се наоѓа на запад, може да се забележи дека е нацртан на десната страна.

– „Нема мапа што го одразува вистинскиот изглед на Земјата, освен сферичната мапа“

Напоменувајќи дека не постои научна причина зошто картите треба да се цртаат на конвенционален начин, Хјустон истакна дека мапите цртани со Меркаторовата проекција можеби биле обликувани, свесно или несвесно, од колонијалистички и империјалистички погледи.

Зборувајќи дека оваа грешка во мапите се занемарува во наставата по географија, Хјустон истакна:

„Многу е важно да ви се каже дека мапата што ја испитувате не ја одразува правилно големината, туку дека само обликот е точен“.

Нагласувајќи дека главниот проблем е што мапите и понатаму се цртаат на рамна хартија и покрај тоа што се знае обликот на Земјата, Хјустон продолжи со зборовите: „Нема мапа што го одразува вистинскиот изглед на Земјата, освен сферичната мапа“.

– „Желбата на Трамп за минерално богатство и геополитичка контрола“ на Гренланд

Хјустон ја коментираше и желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд и неговата изјава дека островот е „огромен“.

Зборувајќи дека поголемиот дел од Гренланд е покриен со мраз и дека не е важно колку е тој голем, Хјустон го даде следниот коментар на тоа дали барањето на американскиот претседател се базира од неговото гледање на картата или не:

„Не знам што мисли Трамп за тоа. Но, се надевам дека нема да биде шокиран кога ќе сфати дека Гренланд е помал отколку што изгледа. Но доколку сериозно гледаме на тоа, мислам дека од геополитички аспект, она што Доналд Трамп го вели за Гренланд, повеќе се работи за минералното богатство, геополитичката контрола и влијание.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Безживотно тело на маж пронајдено на Бит Пазар

Следно

Реакции: “Излезот“ на Таравари од владата ќе биде “влез“ во предвремени парламентарни избори

Latest from Blog

Меџити со порака за Таравари: Вреди одлучи – светлата се гасат за лицемерието

Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, преку Фејсбук му испрати порака на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Меџити информира дека коалицијата Вреди вечерва донела одлука дека светлата се гасат за лицемерието. „Те

Мерц положи заклетва како 10-ти канцелар на Германија

Германскиот конзервативец Фридрих Мерц денеска положи заклетва како канцелар пред претседателот Франк-Валтер Штајнмајер. Мерц (69) беше избран за канцелар на второто гласање во Бундестагот. „За“ Мерц гласаа 325 од вкупно 630 пратеници,

Селими во Отворено: Оваа влада има сериозен проблем со етничкиот легитимитет

Политичкиот аналитичар Сефер Селими во Отворено рече дека оваа влада има проблем со етничкиот легитимитет. Според него, постојат неколку проблеми кои го отсликуваат политичкото претставување на албанците во македонската влада. „Оваа влада

Дипломатски скандал: Албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Меидани, зазема политичка страна

Амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Денион Меидани, го заборава дипломатскиот протокол и си игра со оган во матните води на внатрешната политика на Северна Македонија, пишува БЛИЦ.МК Наместо достоинствено да ја

„За што да работам јас?“ – Призводителите со трактори на блокади, бараат средба со премиерот!

Оризопроизводителите од населените места во општина Чешиново-Облешево излегоа на протест и со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат Кочани – Штип за да го изразат незадолството од актуелните
Go toTop