СДСМ: Тотална негрижа, ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик

May 5, 2025
1 min read

Професорката Маја Серафимовска Борозан на прес конференција рече дека за време на деветмесечното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, не се спроведува ниту една одредба од Законот за употреба на македонскиот јазик. На овој значаен ден, рече таа, СДСМ ја повикува Владата веднаш да ги спроведе сите законски обврски од Законот за употреба на македонскиот јазик, бидејќи отворањето на Инспекторатот, вработувањето на лектори и обезбедувањето стипендии не се прашања на партија, туку прашања на национална должност. ‘Македонскиот јазик заслужува државна грижа, а не партиски заборав’.

„Денеска одбележуваме 80 години од историскиот момент на кодификацијата на македонскиот јазик – темелна вредност на нашиот идентитет, култура и државност. Тоа е делото на Блаже Конески, но и многу други значајни великани. Им оддаваме почит и го пренесуваме аманетот за негова заштита, промоција и унапредување од генерација на генерација.
За жал, токму денес, сведоци сме на игнорантски однос од актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која веќе 9 месеци не спроведува ниту една одредба од Законот за употреба на македонскиот јазик“, рече Серафимовска Борозан.

Таа посочи дека Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик не може да функционира затоа што се уште не е усогласен со законот за инспекциски надзор.

„Нема вработени инспектори, само партиска директорка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и толку.
Нема нови вработувања ниту на лектори, нема ниту стипендии за ученици и студенти.
Прекинат е дури и конкурост „цртај на македонски јазик“ што успешно се реализираше 3 години.
СДСМ во изминатите години презеде конкретни чекори за заштита и унапредување на македонскиот јазик“, посочи таа.

Серафимовска Борозан посочи дека македонскиот јазик стана официјално признат во светот, но и рамки на ЕУ преку Договорот со ФРОНТЕКС.

„Обезбедивме буџетски средства за дигитализација на картотеките во Институтот за македонски јазик – 5 милиони записи се трајно заштитени. Го дигитализиравме Толковниот речник и Правописот, правејќи ги достапни за сите граѓани. За првпат по 24 години, вработивме научници во Институтот за македонски јазик. Донесовме Закон што предвидува вработување лектори во сите институции и задолжително лекторирање на официјалните документи.
Тоа се конкретни дела за македонскиот јазик. Министерот Љутков покажува ограмна неспособност“, рече професорката.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајанов во Аргумент плус: Таравари треба да одлучи дали ќе се приклучи на ДУИ

Следно

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината!

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop