Лишени од слобода три лица поради разбојништво во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

May 5, 2025
1 min read

На 04.05.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б. (20), тројцата од Република Турција- студенти со регулиран привремен престој во РСМ, поради сторено кривично дело „разбојништво“. На 03.05.2025 во 23.40 часот во СВР Скопје И.Р.К.(54) од Скопје пријави дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, додека вршел работни задачи како таксист во обележано такси возило, три лица кои ги превезувал, физички го нападнале, а еден од нив му одзел мобилен телефон, по што се дале во бегство.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје преземаа соодветни мерки и активности и трите лица се пронајдени и лишени од слобода, а пронајден е и телефонот и вратен на сопственикот.

Против О.А.Б., К.И. и Е.Х.Б. до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по чл.237 ст.4 од КЗ.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Живиот македонски јазик доби нов фонт – „Крушево“ на Зоран Кардула

Следно

Индиски медиуми: Индија го прекина протокот на вода од реката Ченаб кон Пакистан

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop