Трпковски за Кочани: Лоши материјали, никакви услови и несериозното сфаќање на ситуацијата придонесоа за оваа голема трагедија

May 5, 2025
1 min read

Бобан Трпковски, инструктор за заштита од пожари, денеска во „Daily CLick“ на ТВ21 ја истакна важноста на правилната изградба на објектите и примена на стандардите за безбедност од пожари.

Како што вели, јасно се гледа дека пожарот во Кочани, каде загинаа 62 лица, е настанат од пиротехника, но лошото во целата работа се вградените материјали кои се од лесно запалива природа.

„Видовме колку брзо пламна сето тоа, ајде малку стручно, кога пожарот е во таванската просторија или во таа зона на висок притосок, брзо се шири на таванот. Затоа ние имаме толкав број на повредени и на загинати. Да не зборувам за влезовите и излезите колку треба да има“, вели Трпковски.

Како што вели, сето тоа од противпожарна гледна точка не ги исполнува никакви услови за работа во таа дејност.

„Од мои колеги слушнав дека имало доста од жртвите во санитарните простории, каде што пробале да се спасуваат, каде што не биле изгорени туку само задушени, што е знак дека многу брзо може да настрада од вакви ситуации… Ако хипотетички претпоставиме дека бил изграден со соодветни материјали, како би се одвивала ситуацијата? Доколку би била вградена опрема која треба да биде за стандардите, алармите за пожари тие мора да дејствуваат во 5-тата и 14-тата секунда. Доволно е само алармот да им каже на луѓето дека треба да почнат да излегуваат. Од самите снимки некои се забавуваа на таа сцена, не ја сфатија сериозноста на пожарот. Порано пред 40 години кога имавме други материјали, им требаше меѓу 15 и 17 минути, мешѓутоа сега со новиве типови на материјали кои ги вградуваат во нашите дневни соби или во становите, треба меѓу 3 и 5 минути да изгоре“, вели Трпковски.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Денот на македонскиот јазик ќе се одбележи и во Ниш

Следно

Паркот Нара во Јапонија, вистинско природно богатство и дом на голем број диви животни

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop