Срна причина за несреќата во Хрватска, двајца загинати и 31 повреден

May 4, 2025
1 min read

Две лица загинаа, а 31 лице е хоспитализирано во три хрватски градови откако патнички автобус и автомобил се судрија рано изутрината на автопат во Хрватска, објавија хрватските медиуми.

Денес околу 3 часот наутро, на автопатот А3 Посавска Автоцеста, кој поминува низ регионот Славонија во источна Хрватска, се судрија двокатен патнички автобус со босанска регистарска табличка и автомобил, исто така со босанска регистарска табличка, објави ХРТ.

Две лица загинаа на самото место, а 31 повредено лице се хоспитализирани во главниот град Загреб и блиските градови Сисак и Пакрац. Петмина од повредените се во тешка состојба и ќе бидат оперирани.

Командантот на противпожарната служба на Сисачко-Мославинската жупанија, Мирослав Голуб изјави дека причина за несреќата е срна која одеднаш скокнала на автопатот.

„Автомобилот се судрил со срна која излетала на автопатот. Не е познато дали ја пробила заштитната ограда или само скокнала преку неа. Возачот очигледно не можел да го помести автомобилот после тоа, но излегол на патот и им мавнал на другите возачи да ја намалат брзината и да застанат“, забележал тој.

Според него, автобусот не можел да застане и се судрил со запрениот автомобил, ја преминал заштитната ограда и застанал на спротивната лента.

Делот од автопатот помеѓу Поповац и Криж е блокиран и движењето е ограничено. Колоната автомобили во насока кон Загреб е долга 18 километри.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Сообраќајот на патот Дебар – Струга се одвива наизменично поради сообраќајна несреќа

Следно

Манчестер Јунајтед постави клупски рекорд

Latest from Blog

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал

„Комуналец“ и еко активистите од „Мој Прилеп“ спроведоа акција за чистење на дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Комуналец – Прилеп и „Мој Прилеп“ со успешна акција: Исчистен дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на
Go toTop