Јеменските Хуси: Нападот на израелскиот аеродром „Бен Гурион“ предупредување за меѓународните авиокомпании

May 4, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Јеменските Хуси денес соопштија дека лансирале хиперсонична балистичка ракета кон аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, предупредувајќи ги меѓународните авиокомпании дека израелскиот аеродром е „небезбеден за цивилна авијација“, јавува Анадолу.

Во телевизиска изјава, воениот портпарол на Хусите , Јахја Сари, изјави дека ракетата успешно ја погодила својата цел, додавајќи дека била погодена и друга „витална цел“ во крајбрежниот град Ашкелон.

Претходо денес, израелските власти ги прекинаа сите летови на аеродромот „Бен Гурион“ откако ракета лансирана од Јемен падна близу објектот.

Службата за итни случаи на Израел, „Маген Давид Адом“, објави дека „неколку лица се здобиле со полесни повреди од падот на ракетата во близина на Терминалот 3 на аеродромот Бен Гурион“, без да даде дополнителни детали.

Нападот се случи по повеќекратни сирени за воздушен напад во различни делови на Израел и неколку неуспешни обиди за пресретнување на проектилот, според израелската армија.

Ова е трето вакво лансирање ракета за два дена по претходните тврдења на Хусите дека ја погодиле воздухопловната база „Рамат Давид“ и регионот на Тел Авив.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Пораките на Гоце Делчев сега се поактуелни од кога било

Следно

Реал Мадрид со нова одбрана идната сезона: Заминуваат четворица дефанзивци

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop