Народот Ваорани – чувар на традицијата среде модерното време

May 3, 2025
1 min read

АМАЗОНИЈА (АА) – Длабоко во еквадорската амазонска дождовна шума, народот Ваорани продолжува да ги штити територијата на предците и своите традиции од растечките закани од нафтените компании, јавува Анадолу.

Среде искушенијата на современиот живот и слободата на дивината, Ваораните се народ силно поврзан со својата историја и земја, кој и покрај сите потешкотии, ги продолжува своите традиции.

Живеејќи речиси изолирано, подгрупа од 145 Ваорани, позната како заедницата Бамено, живее во регион со богат биодиверзитет, сместен меѓу високите дрвја и кривулестите реки. Нивната територија не е само културно значајна, туку е и суштински дел од кревкиот амазонски екосистем кој е под зголемена закана.

Ваораните се меѓу последните домородни групи во Еквадор кои воспоставиле контакт со надворешниот свет, и тоа во 1958 година. Иако на многумина од народот Ваорани животите радикално им се променија кога мисионерите првпат стапнаа во регионот, некои подгрупи избрале да се повлечат подлабоко во шумата, целосно отфрлајќи го надворешното влијание.

Ваораните живеат номадски живот, и се ловци и собирачи, со длабоко вкоренето познавање на природата, и тоа во практики како што е користење заби од пирани за отстранување трње или струготини од боси нозе.

Ги ловат животните со стрели кои се претходно подготвени и премачкани со мешавина од отровни растенија. Овој отров има способност веднаш да ги парализира животните. Малите церемонии што се одржуваат пред и по ловот го симболизираат враќањето во природата на дел од она што е одземено од природата.

Нивниот начин на живот ја одразува длабоката врска со природата, од нивните одржливи секојдневни практики до нивната облека. Додека постарите генерации сè уште носат традиционална облека направена од растителни влакна и се украсени со боја на телото, монистра и птичји пердуви, помладите членови често се гледаат како ги мешаат овие обичаи со модерна облека.

Водачот на заедницата, Пенти Баихуа, е проминентен глас во одбраната на нивната територија и промовирањето на одржливиот туризам. Тој нагласи дека одбраната на шумата е клучна, предупредувајќи дека нафтоводите претставуваат закана и за животната средина и за иднината на нивната заедница.

Нивната земја, која е и витален екосистем и културно наследство, сега е во центарот на растечката борба за животната средина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ни вршат притисок да дадеме отказ“ – се жалат работниците на АД „Водостопанство“

Следно

Крстевски: Кочани се соочува со рестрикции на вода

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,
Go toTop