Почна изградбата на автопатот Тетово-Гостивар – инвестиција од 90 милиони евра, треба да биде готов до 2027 година

May 3, 2025
1 min read

Почна изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, во должина од 18 километри. Изградбата ќе чини 90 милиони евра, а треба да заврши за две години.

За да го означат почетокот на градежните работи, на теренот излезе премиерот Христијан Мицкоски заедно со амбасадорката на САД, Ангела Агелер и дел од министрите.

Функционерите на ВРЕДИ дојдоа заедно, но без Таравари. Тој пристигна со неговите сопартијци од Алијансата за Албанците.

Во својот говор, премиерот Мицкоски истакна дека денес започнува еден од клучните инфраструктурни проекти во земјата и дека како земја без излез на море, имаме потенцијал да бидеме дел од три паневропски коридори.

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, изјави дека ова не е само пат, туку европска артерија која го поврзува Јадранското со Црното Море.

„Денес наместо фотоапарати, одекнуваат звуците на камиони и багери. Ние не снимаме реклами, туку ја градиме иднината – патишта за народот. Коридорот 8 не е само пат, туку европска артерија што го поврзува Јадранското море со Црното Море, во срцето на Балканот. Нашата стратешка одлука е јасна – Македонија го гради својот дел и ја приближува Европа до Балкан и Балкан до Европа. Со почетокот на овој автопат, го претвораме Полошкиот регион во крстопат на можности и инвестиции, нови работни места, ја скратуваме врската меѓу Скопје, Охрид и Струга и ја приближуваме границата кај Ќафасан до секој наш дом и секоја бизнис-идеја“, вели Изет Меџити.

„Големо е задоволството што како американска амбасадорка сум денес тука со вас, бидејќи самото присуство овде значи напредок. Ова е долгоочекувана иницијатива за сите оние кои ја чекаа овој пројект со години. Многу сум задоволна што сум тука, особено да ја слушнам и видам работата на Џош и неговиот тим од Бехтел и Енка, Владата, бидејќи многу од овие работи се случија во последните месеци. Ова не е важно само за инфраструктурата и економијата на оваа земја и регионот, туку претставува и важен коридор за НАТО, затоа улогата на овие патишта не може да се потцени“, вели Анџела Агелер.

Проектот предвидува две коловозни ленти и една помошна лента во еден правец. Вклучува и девет надвозници, од кои осум ќе служат за поврзување на локалните патишта.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

108 години од раѓањето на Киро Глигоров – државникот што ја избра тешката патека на мирот

Следно

Кувајтската болница во Газа: Медицински залихи за само уште една недела

Latest from Blog

На Куба почнаа со обнова на електромрежата

Електроенергетската мрежа остана во дефект во саботата навечер откако голема електрана во Нуевитас, во источната кубанска покраина Камагуеј, престана да работи, соопшти операторот на мрежата UNE. Тоа предизвика каскаден ефект што остави

Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев во Струмица донесе европски услови за младите фудбалери (ВИДЕО)

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат
Go toTop