Кувајтската болница во Газа: Медицински залихи за само уште една недела

May 3, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Специјализираната Кувајтска болница во градот Рафа, во јужна Газа, денес предупреди дека можно е да престане со работа, објавувајќи дека има медицински залихи за само уште една недела, јавува Анадолу.

„Поради тековната израелска агресија и затворањето на (граничните) премините, здравствениот систем е на работ на колапс“, соопшти болницата.

Оттаму рекоа дека повеќе од 75% од основните лекови сега се недостапни во нејзините залихи, што сериозно го оневозможува медицинскиот персонал да обезбеди клучно лекување на пациентите.

Болницата предупреди дека основните услуги, особено интензивната нега и третманот на хронични болести, сега се сериозно загрозени и дека доколку не се преземат итни мерки за достава на медицински залихи, повеќето здравствени услуги би можело да прекинат.

Апелираше до меѓународните хуманитарни организации итно да интервенираат и да спречат претстојна здравствена катастрофа во Газа.

Предупредувањето доаѓа во услови на веќе влошена хуманитарна ситуација. Од 2 март, Израел го блокираше влегувањето на сета помош, лекови, храна и комерцијална стока во Газа.

Речиси 52.500 Палестинци се убиени во Газа во бруталните израелски напади од октомври 2023 година, повеќето од нив жени и деца.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна изградбата на автопатот Тетово-Гостивар – инвестиција од 90 милиони евра, треба да биде готов до 2027 година

Следно

Јошко Миленкоски го објави списокот на одбојкари за Златната Европска лига

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу
Go toTop