Три лица осомничени за кражба од казино во Бутел: Одземени над 1,4 милиони денари

May 3, 2025
1 min read

Три лица се осомничени за кражба од казино во Бутел, при што биле украдени 1.460.856 денари. Основното јавно обвинителство во Скопје денеска соопшти дека во текот на предистражната постапка обезбедени се докази кои укажуваат на основано сомнение дека тројцата осомничени извршиле тешка кражба на 11 април.

Според информации од обвинителството, осомничените, двајца браќа на возраст од 20 и 22 години и 29-годишник кој работел во казиното, се договориле да извршат кражба. На денот на настанот, осомничениот вработен му дал знак на останатите кога е најповолно време да ја извршат кражбата, по што браќата пристигнале пред казиното со автомобил. Еден од нив останал во возилото, додека другиот влегол во казиното маскиран и со пиштол заканувајќи му се на вработениот.

Насилно влегувајќи во објектот, осомничениот со пиштолот на пултот и без да користи насилство, ја наполнил торбицата со пари од касата, која ги вклучува средствата од претходниот ден. Потоа, двојката побегнала од местото на настанот, а вработениот не бил повреден.

По анализирање на сите докази и околности, јавниот обвинител предложил мерки на претпазливост за двајца од осомничените, кои веќе се лишени од слобода. За третото лице, кое е во бегство, предложен е притвор кој ќе биде применет по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва

Следно

Голема трагедија во прилепско: Во несреќа загина 13-годишник!

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop