АВМУ: Вештачката интелигенција носи нови предизвици за слободата на медиумите

May 3, 2025
1 min read

Во контекст на глобалното одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на влијанието на вештачката интелигенција врз новинарството и медиумите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) изрази загриженост и потсети дека само професионалните и независни медиуми можат да придонесат за одржлив демократски развој во време на брзи технолошки промени.

Како што нагласуваат од АВМУ, „слободата на медиумите значи право на новинарите да истражуваат и информираат без какви било притисоци“. Но, со напредокот на вештачката интелигенција, ова право добива ново значење и се соочува со нови предизвици, кои бараат внимание и прилагодување.

Вештачката интелигенција нуди нови можности за унапредување на новинарските практики, како што се автоматизацијата на создавањето содржини, унапредување на истражувачкото новинарство и забрзана проверка на факти. Сепак, исто така носи и сериозни ризици, како што се генерација на дезинформации, лажни вести и манипулативни видеа кои можат да ги подријат темелите на јавниот дискурс.

„Вештачката интелигенција претставува ценет ресурс во новинарската пракса, но таа не смее да биде целосна замена за темелната проверка, критичкото размислување и објективноста“, велат од АВМУ. „Во оваа нова реалност, медиумите мораат внимателно и одговорно да ги користат овие алатки, придржувајќи се до највисоките етички и професионални стандарди.“

Со оглед на глобалните промени во медиумската индустрија, АВМУ потсетува дека е од суштинско значење медиумите да ги зачуваат принципите на слобода и одговорност и да се осигураат дека новите технологии се користат во корист на јавноста, а не за манипулација или дезинформации.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Времето денеска сончево и многу топло

Следно

И ги запалил станот и куќата на поранешната партнерка во Скопје, а потоа и се јавил да и каже!

Latest from Blog

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,

Сити може да остане без титулите, Јунајтед, Ливерпул и Арсенал би профитирале

Манчестер сити би можел да остане без дел од шампионските титули освоени во ерата во која клубот се соочува со сериозни обвинувања за прекршување на финансиските правила во Премиер лигата. Сè уште

Проданоски: „Градот во мене“ е уште една убава приказна за Прилеп раскажана преку уметноста

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва присуствуваше на отворањето на изложбата „Градот во мене“ на прилепскиот академски уметник Александар Џинго, поставена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“. Во своите најнови дела,

Божиновска: Енергетската заедница го потврди напредокот на Македонија во обновливата енергија

Раст на обновливите извори во електроенергетскиот сектор и поволна траекторија кај финалната потрошувачка, со јасно дефинирани мерки за декарбонизација во ажурираниот НПЕК 2025–2030 Последната оценка на Секретаријатот на Енергетската заедница покажува силен
Go toTop