Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс

May 2, 2025
1 min read

Грег Попович се повлекува од функцијата главен тренер на Сан Антонио Спарс и ќе ја преземе функцијата претседател на кошаркарските операции во клубот, објави Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА).

Попович (76) кој има најмногу победи како тренер во историјата на НБА, доживеа благ мозочен удар минатиот ноември и не се врати на работа до крајот на сезоната.

-Иако мојата љубов и страст кон играта остануваат, решив дека е време да се повлечам од функцијата главен тренер. Засекогаш ќе им бидам благодарен на прекрасните играчи, тренери, персонал и навивачи кои ми дозволија да им служам како главен тренер на Спарс, и сум воодушевен што имам можност да продолжам да ја поддржувам организацијата, заедницата и градот кои ми се толку важни, изјави тренерот.

Попович е трикратен тренер на годината во НБА. Тој ги предводеше Сан Антонио Спарс до пет шампионски титули (1999, 2003, 2005, 2007, 2014), а машката репрезентација на САД до златен медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.

Попович беше примен во Кошаркарската куќа на славните како тренер во 2023 година.

Стручњакот ја презеде тренерската позиција во Сан Антонио во 1996 година и го претвори тимот во еден од најуспешните во НБА.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку три лица се повредени кога автомобил влета во толпа луѓе во Штутгарт, Германија

Следно

Конечно треба да почне да важи за сите законот за истакнување на знамињата

Latest from Blog

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Северна Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка,
Go toTop