Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска оваа година се чувари на традицијата, зет и невеста за Галичката свадба 2025

May 2, 2025
1 min read

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се овогодинешните зет и невеста за Галичката свадба 2025, соопштија денеска од Месна заедница Галичник.

-Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи. Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ќе заигра во улогата на невеста – со срце полно љубов и почит кон традицијата. Зетот и Невестата – Симбол на Љубовта и Традицијата. Во срцето на Галичник, под сенката на Бистра, секое лето љубовта добива посебна форма, се вели во соопштението.

Како што посочуваат, зетот и невестата не се само млад пар – тие се симболот на вековната традиција, на непрекинатото предание што низ генерации се пренесува со чест и гордост.

-Тие чекорат низ Галичник не само како двајца вљубени, туку како чувари на обичајот. Секое движење, секој поглед, секоја песна – сè е длабоко вкоренето во духот на Галичник. Манукот ја носи гордоста на предците, додека мануката со раскошната носија ја раскажува приказната за момичките од овие планински височини – достоинствени, вредни, горди и полни со љубов. Заедно, тие не се само пар – тие се огледало на Галичник. Во нивниот поглед се препознаваат љубовта и ветувањето дека традицијата ќе продолжи. И токму затоа, секој што ќе ги види, не гледа само свадба – туку гледа историја што живее, велат од Месна заедница Галичник. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски – Шохеј Хара: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава

Следно

Валандово ги овековечи на мурал Јанко Узунов, Леонид Манчев, Мирко Попов, Ѓоко Дончев и Костадин Танчев-Динка

Latest from Blog

На Куба почнаа со обнова на електромрежата

Електроенергетската мрежа остана во дефект во саботата навечер откако голема електрана во Нуевитас, во источната кубанска покраина Камагуеј, престана да работи, соопшти операторот на мрежата UNE. Тоа предизвика каскаден ефект што остави

Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев во Струмица донесе европски услови за младите фудбалери (ВИДЕО)

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат
Go toTop