САД потврдија средба со сириската привремена администрација во Њујорк

May 1, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американски претставници се сретнаа со делегација на сириската привремена администрација во Њујорк, потврди синоќа портпаролот на Стејт департментот за Анадолу.

„Претставници на Стејт департментот се сретнаа завчера (29 април) со сириските привремени власти“, истакна портпаролот под услов да остане анонимен, одбивајќи да даде дополнителни детали.

Изјавата беше одговор на прашањето на Анадолу за можна средба во вторник меѓу американските претставници и сирискиот министер за надворешни работи Асад Ал-Шаибани во Њујорк.

„Продолжуваме со повикување на привремените власти да изберат политики што ќе ја зајакнат стабилноста за граѓаните на Сирија, ќе обезбедат мир со соседите на Сирија, ќе ја развијат економијата на Сирија и ќе резултираат со добронамерна соработка со меѓународната заедница“, рече портпаролот.

„Секое идно нормализирање на односите или укинување на санкциите ќе зависи од постапките на привремените власти и позитивниот одговор на специфичните мерки за градење доверба што ги соопштивме“, додаде портпаролот.

Средбата се одржа неколку дена откако САД изнесоа листа на барања до новата сириска влада во замена за какво било потенцијално ублажување на санкциите.

Листата содржи исклучување на странски терористички борци од службени позиции, уништување на оружјето за масовно уништување, поддршка во пронаоѓањето на исчезнати американски државјани, усвојување политика на неагресија кон соседните земји и спречување на Иран и неговите сојузници да ја експлоатираат сириската територија.

Башар ал-Асад, кој владееше со Сирија речиси 25 години, избега во Русија на 8 декември откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск, означувајќи го крајот на владеењето на партијата Баас што започна во 1963 година.

На 29 јануари беше претставена преодната администрација, предводена од претседателот Ахмед Ал-Шара.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кумановка со туѓа картичка си правела трансакции во казино!

Следно

Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени

Latest from Blog

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Северна Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка,
Go toTop