Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни

April 30, 2025
2 mins read

Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни, вели Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски. На овој тежок и комплексен случај со 62 жртви, Коцевски нагласи, дека деноноќно работат 13 јавни обвинители и со ваквиот интензитет на преземање дејствија истрагата ќе заврши навремено. 

Коцевски, во интервју за Алсат М, посочи дека сега истрагата се работи за едно кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и ЈО тргнува од денот на настанот одејќи наназад до 2012 година кога дискотеката почнува да функционира, откога се сторени прописти, додека на крај на истрагата ќе се донесе обвинение во кое ќе биде образложено секое дејствие на секој потенцијален обвинет и ќе се утврди за кое точно дело евентуално може да се работи. 

„Во конкретниот случај се опфатени неколку институциии. Дирекцијата за заштита и спасување, Општината како локална власт, Државен пазарен инспекторат и Министерството за економија, како издавач на лиценците. Секој имал одредени надлежности и тимот на јавни обвинители цени дека причинско-последичната врска е смрт на лицата кои биле во дискотеката. Пропусти што довеле до ова имало секоја година, што значи дека тие имаат еден каузалитет. Секоја година се пропуштале да се преземат одредени дејствија“, појасни Коцевски.  

Проширување на истрагата со нови лица, кои евентуално може да бидат осомничени и потоа обвинети, според Коцевски, може да се очекува до последниот ден на истрагата. 

За вчерашната средба со родителите на семејствата на настраданите во пожарот, Коцевски рече дека дел од родителите поставиле одредени прашања кои им биле одговорени, нагласувајќи дека сето она што требало да им биде соопштено во оваа фаза, согласно закон, било соопштено. 

„ЈО не е превентивен орган, туку репресивен. Обвинителството не може да постапува по допрен глас и да знае дали дискотеката има или нема одобрение за работа и дали таму се дистрибуираат наркотични средства… тоа е надлежност на МВР и другите институции. Откако МВР или другите институции ќе спроведат акција и доколку има евентуално елементи на некое кривично дело тогаш се известува Обвинителството“, истакна Коцевски. 

Во однос на обвинувањата за политичко водење на истрагата и за притворот на Крешни Бектеши, Коцевски, рече дека во никој случај обвинителскиот тим не држи без причина никој во притвор, ниту, како што рече, министерот Бектеши. 

„Битно за притворот е дали може да влијае на сведоци, да ја повтори постапката и дали евентуално ќе се даде во бегство. Во конкретниот случај министерот, и не само тој, и дел од останатите осомничени се наоѓаат во притвор, но тоа не значи дека мора да останат во притвор. Се до моментот кога јавните обвинители ќе оценат дека има услови за определување притвор тие може да поднесат предлог и судот одлучува по тоа дали ќе определи или не, односно дали ќе го продолжи притворот или не“, појасни Коцевски. 

Прашан како гледа на тоа што ниту еден од актуелните министри во Владата не се обиде ниту да поднесе морална оставка, Коцевски, рече дека тоа е нивна лична одлука и не може да коментира. 

Во однос на „Беса транс“ и „модуларната болница во Тетово“, Коцевски рече дека обвинителство и судот постапуваат по овие случаи и дека се ноаѓаат во второстепена постапка. Едниот е укинат и повторно вратен во првостепена постапка, а другиот се чека одлука пред Апелација. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија нападна шатори на раселени Палестинци во кампот Нусејрат во Газа

Следно

Во Велес на улица тешко повредено петгодишно дете

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop