„Доматот не е веќе ни за кечап“ – Апаратурата е неисправна, увозниците чекаат на граница

April 30, 2025
1 min read

„Еве тука..Се расипаа доматите целосно, ниту фрижидерот не работи, ни ништо, горивото се потроши…“

Транспортерите на овошје и зеленчук се жалат дека останале блокирани на граничниот премин Ќафасан, во чекање на резултатите од анализите кои релевантните институции ги прават на земјоделските производи. Еден од превозниците со кој разговаравме ни рече дека чека подолго од вообичаено и со тоа постои опасност производите што ги увезува да се расипат.

„Јас сум тука три дена..Чекам да се направат анализите. Се расипала машината за анализи таму, не знам јас. Имам товар со лук, маслинки, домати, пиперки и прас. Ми земаа анализи за доматите. Од првиот ден, веќе три дена земаа примероци за анализа. Веќе не се добри ни за кечап, а не е за нешто друго. Ако седи робата во фрижидер, почнува да се расипува. Затоа што се зема полу созреан и додека да стигне во Скопје, треба да се созрее. А овде веќе помина фазата на созревање, сега влегува во фазата на расипување“, вели Екрем Белили.

ТВ21 испрати прашање до двете надлежни институции кои ги вршат потребните анализи, Државниот инспекторат за земјоделство и Фитосанитарна лабораторија. Од Инспекторатот за земјоделство, Секторот за инспекциски надзор во полето на фитосанитарна политика, ни рекоа дека работат според работниот план на Фитосанитарна инспекција и дека нема предвиден рок.

„Лабораториските анализи се испитуваат во Државната фитосанитарна лабораторија, каде не постои рок за испорака на резултатите и секогаш се запазува процедурата и редот на донесениот примерок, со цел да се добијат прецизни и точни резултати. Фитосанитарната инспекција постапува согласно: Законот за здравје на растенијата (Службен весник на РМ бр. 29/2005 со сите негови измени), Законот за фитофармација (Службен весник на РСМ бр. 302/2020), како и Стандардните оперативни процедури за Фитосанитарната инспекција“, вели Васе Анакиев.

И директорката на Државната фитосанитарна лабораторија, Сузана Јордановска, во одговор за ТВ21, потврди дека немаат фиксни рокови, но работат по принципот „што побрзо“. Исто така откри дека овој пат задоцнувањето на резултатите од анализите на овошјето и зеленчукот се случува поради тоа што апаратурата е неисправна. Таа уверува дека многу брзо апаратот ќе биде сервисиран.

„Денеска инструментот ќе биде сервисиран од сервисери од Белград. Истиот ќе биде ставен во функција уште денес. За да успееме да ги анализираме донесените примероци, ќе работиме и за време на празникот. Ова значи дека за анализираните примероци, резултатите ќе бидат испорачани во петок. Правиме надчовечки напори за да се оспособи инструментот, бидејќи ни се од најголема грижа нашите увозници и клиенти. Што се однесува до рокот за испорака на резултати – правилото е „што побрзо“. Не постои конкретен рок за испорака, затоа што никогаш нема чекање, и секогаш се почитува редот на донесените примероци. Молиме за разбирање и имајте ја предвид посветеноста на Државната фитосанитарна лабораторија“, вели Сузана Јордановска.

ТВ21 испрати прашања и до Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, дали се предвидува оштета кон транспортерите во случај земјоделските производи да се расипат поради доцнењето на анализите, но не добивме одговор.

ВАЛОН САЛАИ

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: Посакувам успех за „Влен“, АА на локалните избори оди со свои листи

Следно

Израелската армија нападна шатори на раселени Палестинци во кампот Нусејрат во Газа

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop