Израел евакуираше неколку градови, побара меѓународна помош за борба против пожарите предизвикани од топлотен бран

April 30, 2025
1 min read

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските власти евакуираа неколку населени места и затворија еден од главните автопатишта во централниот дел на земјата поради шумските пожари предизвикани од екстремно високите температури, а Тел Авив побара меѓународна помош за совладување на огнената стихија што брзо се шири, јавува Анадолу.

Според соопштението на Службата за противпожарна заштита и спасување, евакуирани се заедниците Неве Шалом, Бекоа, Таоз, Нахшон и Месилат Цион.

Поради високите температури и силниот ветер избувнаа пожари во неколку региони. Во гаснењето се ангажирани 111 противпожарни тимови и 11 авиони.

Израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН објави дека голем пожар се шири во областа на шумата Ештаол, која се наоѓа помеѓу Ерусалим и Тел Авив.

Властите издадоа предупредувања и можни наредби за евакуација и на други заедници.

Службата за противпожарна заштита го подигна нивото на тревога на највисоко и побара меѓународна поддршка за гаснење на пожарите. Како мерка на претпазливост, затворена е главната сообраќајница што ги поврзува Ерусалим и Тел Авив.

Израел побара авиони за гаснење пожари од Грција, Хрватска, Италија и кипарската грчка администрација, јавува КАН.

Според весникот „Једиот Ахронот“, досега во пожарите се повредени 12 лица.

Минатата недела израелските спасувачки служби веќе евакуираа жители на неколку населени места во централниот дел на земјата поради пожарите предизвикани од високите температури и силните ветрови што зафатија површина од 10.000 дунами (околу 2.500 акри) и беа повредени девет лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица и управител на правно лице

Следно

Ердоган: Туркије го поздравува ставот на Трамп кој ја зема предвид чувствителноста на земјата

Latest from Blog

ВЛЕН утре влегува во нова ера: Пет партии се спојуваат во еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН утре, на 9 Мај – Денот на Европа, ќе одржи Конгрес на обединување на кој пет политички субјекти и официјално ќе донесат одлука да настапуваат како единствен политички субјект во

Реал поведе дисциплинска: Валверде и Чуамени може да добијат и „клоца“ од Мадрид

фото: Transfer News Livе (X) Реал Мадрид ќе преземе сериозни санкции по незапаметениот инцидент на своите фудбалери Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Според информациите од Шпанија, Реал Мадрид ќе покрене дисциплинска постапка

Муцунски: Услови за уставни измени нема, Берсе оценува наредок од Бугарија за пресудите од Стразбур

Услови за уставни измени нема Причина за тоа е недостатокот на доверба, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски без да прецизира на која држава се однесува недовребата и кој нема кредибилитет
Go toTop