Претседателот на ТИКА, Кајалар, ги посети пациентите повредени во пожарот во Кочани што се лекуваат во Анкара

April 30, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Шефот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Серкан Кајалар, ги посети пациентите повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани што се на лекување во главниот град на Туркије, Анкара, пренесува Анадолу.

Според соопштението на ТИКА, амбасадорот на Северна Македонија во Анкара, Јован Манасијевски, го придружувал Кајалар при неговата посета.

Кајалар и Манасијевски, кои при посетата добија информации за состојбата на повредените од болничките службеници, им ги пренесоа своите желби за брзо закрепнување.

ТИКА ја обезбеди потребната поддршка за задоволување на сите потреби на пациентите во текот на процесот на лекување, се наведува во соопштението.

Шеесет и две лица го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, рано утрото на 16 март, а околу 200 се здобија со повреди, по што беа пренесени на лекување во болниците во земјава, но и во странство, меѓу кои и во Туркије.

Додека ТИКА продолжува со својата поддршка во областа на здравството како дел од своите активности за хуманитарна помош, исто така, продолжува и со својата солидарност со Северна Македонија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десетици милиони луѓе во ЕУ се соочуваат со сиромаштија

Следно

Грција утре го презема претседателството со Советот за безбедност на ОН

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop