Силен ветер ја зафати Грција, јачина од 134 км/ч

April 30, 2025
1 min read

Во југозападниот дел на грчкиот остров Евија во изминатите два дена бил регистриран ветер со јачина од 134 и 127 километри на час, што воедно е и најсилниот во цела Грција, со оглед на тоа што земјата од понеделникот ја зафати силен северен ветер, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, силниот ветер во источниот дел на континентална Грција и во Егејското Море надминува 100 километри на час.

Во текот на вчерашниот ден, најсилен бил ветерот во Паксимада, Каристос на Евија, со 127 километри на час, кај Коринтскиот канал бил 105, а на островот Тинос 101 километри на час.

Во населби во северниот дел на Атина, ветерот вчера бил меѓу 82 и 97 километри на час.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кога другите прашуваат „Зошто?“ ти сврти на Smooth и кажи „Зошто не?“

Следно

Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност, да се промени начинот на кој се прават реформите

Latest from Blog

Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година

Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната

Тудор: Дербито со Интер е повеќе од само три бода, мислам дека можеме до Скудето

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, пред саботното дерби со Интер одговараше на новинарски прашања за очекувањата од дербито. „Овој натпревар вреди повеќе од три бода; полесно ми е да се подготвам за
Go toTop