Столтенберг: НАТО сè повеќе загрижен дека Кина би можела да ѝ испорача оружје на Русија

February 28, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – НАТО е „сè повеќе загрижен“ дека Кина, која неодамна предложи мировен план од 12 точки за ставање крај на војната во Украина, може да ѝ достави оружје на Русија, изјави денес шефот на Алијансата, Јенс Столтенберг, јавува Анадолу.

Во обраќањето на Нордискиот самит САМАК во Хелсинки, Финска, Столтенберг истакна дека рускиот претседател Владимир Путин „се подготвува за повеќе војна“ бидејќи „започнува нови офанзиви, мобилизира повеќе трупи и посегнува по Северна Кореја и Иран повеќе оружје”.

„Исто така, сè повеќе сме загрижени дека е можно Кина да планира да обезбеди смртоносна поддршка во корист на Русија“, рече тој, повикувајќи го НАТО да продолжи да ја поддржува Украина.

Тој истакна дека дури и кога војната ќе заврши, НАТО „мора да го прекине кругот на руска агресија“ со тоа што ќе ѝ овозможи на Украина да може да одбие и да се одбрани од идни напади.

Столтенберг го повика НАТО да обезбеди долгорочни безбедносни ангажмани за Украина бидејќи земјата припаѓа на „евроатлантското семејство“.

„Крајот на оваа војна нема да биде враќање во нормала во нашите односи со Русија“, бидејќи Москва ја „размонтира целата архитектура за контрола на оружјето“, додаде тој.

Според Столтенберг, земјите од НАТО мора да се посветат повеќе на буџетот за одбрана, дури и ако тоа значи ризикување за намалување на трошоците за други политики со цел да се зачува безбедноста во „сè поопасниот свет“.

Челникот на НАТО ја поздрави подготвеноста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за продолжување со разговорите за ратификација на членството на Финска и Шведска во НАТО и рече дека страните ќе се сретнат следната недела во Брисел.

„Време е да се финализира процесот, и да ги имаме Шведска и Финска како полноправни членки во нашата алијанса“, рече Столтенберг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турскиот претседател Ердоган најави забрзана урбана трансформација

Следно

Карпош ќе учествува во проект за инвестиција во фотоволтаици во две основни училишта

Latest from Blog

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член

Јуни под двоен фокус: од матни скандали до бистри пресврти во антикорупциската битка

Во своето месечно огледало за јуни, „Транспаренси интернешнл-Македонија“ го опишува државниот апарат како ветровит ден на езеро: на едната страна водата се заматува од скандали и стари навики, на другата се чисти

Новиот грчки министер за миграции смета дека е во ред да се убиваат мигранти на граница (ВИДЕО)

Танос Плеврис, радикален десничарски пратеник познат по своите забелешки за Аушвиц и убивањето мигранти, е именуван за нов министер за миграција. Тој го наследува Макис Воридис, најистакнатиот функционер кој поднесе оставка во
Go toTop