Јужноафриканската Република пред МСП: Израел го користи гладот како средство за војување против Палестинците

April 29, 2025
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Јужноафриканската Република денес пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) изјави дека Израел го користи гладот како оружје против Палестинците во окупираните територии, прекршувајќи ги своите меѓународни обврски, јавува Анадолу.

„Меѓународното право го забранува користењето на гладот како метод на војување. Дури и под опсада или блокада, Израел не смее колективно да го казнува заштитеното палестинско население кое го држи под незаконска окупација“, изјави претставникот на Јужноафриканската Република, Џејмион Хендрикс, на вториот ден од јавните расправи во Хаг.

Хендрикс потенцираше дека Израел „применува цел спектар техники на глад и изгладнување, усовршувајќи ја контролата врз страдањето и смртта што може да ги предизвика преку системите за храна, доведувајќи до оваа точка на геноцид, и покрај обидите на израелските власти да го прикажат тоа поинаку. Палестинците се човечки суштества.“

Тој повика Израел да „соработува со Обединетите нации и да им обезбеди пристап до хуманитарна помош“, додавајќи дека Израел мора да ги исполни своите обврски како окупаторска сила и да овозможи непречено доставување на храна, медицински материјали, хуманитарна помош и услуги од страна на Обединетите нации (ОН), трети земји и други меѓународни организации.

Хендрикс исто така повика Израел „веднаш да ги прекине непријателствата“ и да ја поништи одлуката за протерување на агенциите на ОН, вклучувајќи ја и УНРВА.

Тој апелираше и до Обединетите нации „да бараат отстранување на сите пречки што ги наметнува Израел“ и да продолжат со доставување на хуманитарна помош на палестинскиот народ, без оглед на ограничувањата.

Претставникот на Јужноафриканската Република исто така рече дека трети држави „имаат обврска да не ги прифаќаат незаконските постапки на Израел“, како што е забраната на УНРВА, и дека мора да работат за нивно запирање, вклучително и со воздржување од продажба на оружје на Израел.

Порано истиот ден, директорот на јужноафриканскиот Оддел за меѓународни односи и соработка, Зејн Дангор, изјави пред судот: „Системот за хуманитарна помош е пред целосен колапс. Тој колапс е намерен.“

Претставничката Нокухања Џеле додаде дека Израел не смее да презема мерки кои се изречно забранети со меѓународното хуманитарно право, како што се масовни присилни дислокации, уништување на имот, доселување на колонизатори, напаѓање училишта и бришење на палестинската историја преку образованието.

Израелската Армија ја продолжи офанзивата врз Појасот Газа на 18 март, нарушувајќи го прекинот на огнот и договорот за размена на затвореници постигнат на 19 јануари.

Според последните податоци, повеќе од 52.300 Палестинци се убиени во бруталната израелска офанзива од октомври 2023 година, најголем дел од нив жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен возач кој управувал возило со 2,82 промили алкохол во крвта

Следно

Алкалоид првиот дуел од финалето со АЕК го игра на гости

Latest from Blog

Коњановски: „СИ-ДО“ три децении ја негува детската музика во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од детскиот музички фестивал „СИ-ДО“, при што порача дека фестивалот претставува значаен дел од културниот идентитет на градот и симбол на

Божиновска во интервју за Макфакс: Енергетската безбедност се гради со диверзификација и домашни капацитети

Во услови на продолжена геополитичка неизвесност, енергетската безбедност стана стратешки приоритет за сите земји. Како Северна Македонија ја приспособува својата енергетска политика на оваа нова реалност? Геополитичките случувања, без разлика дали се

ВЛЕН утре влегува во нова ера: Пет партии се спојуваат во еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН утре, на 9 Мај – Денот на Европа, ќе одржи Конгрес на обединување на кој пет политички субјекти и официјално ќе донесат одлука да настапуваат како единствен политички субјект во

Реал поведе дисциплинска: Валверде и Чуамени може да добијат и „клоца“ од Мадрид

фото: Transfer News Livе (X) Реал Мадрид ќе преземе сериозни санкции по незапаметениот инцидент на своите фудбалери Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Според информациите од Шпанија, Реал Мадрид ќе покрене дисциплинска постапка
Go toTop