Сиљановска-Давкова: Потребна е реформа на Уставниот суд

April 29, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на тркалезната маса насловена како: „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“, организирана од Уставниот суд и ЕУ. 

Во воведниот дел на тркалезната маса говореа претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, амбасадорот на ЕУ, Михаил Рокас, амбасадорката на Германија, Петра Дреклер и амбасадорката на САД, Анџела Агелер. 

Наодите од анализата за тоа дали има или не потреба од донесување Закон за Уставен суд беа презентирани од проектниот тим, составен од Карстен Манке, раководител и Мартин Сопранов и Маргарита Цаца Николовска, правни експерти. Проектот е финансиран од Европската Унија. 

Свои ставови презентираа судијките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павлова Данева, како и универзитетските професори по уставно право: Рената Десковска- Тренеска, Тања Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари и Денис Прешова.

Присутните го слушнаа и мислењето на невладиниот сектор, односно на претставниците на „Сите за правично судење” и „Млади правници”.

Според претседателката, прашањето: „Дали е потребна реформа на македонското уставното судство?“ е вистинското прашање. Истакнувајќи дека Уставниот суд е најнереформираната институција, со оглед на неколкуте неуспешни обиди за уставни измени, претседателката укажа на неодржливоста на сегашното правно решение и упати на препораките на Венецијанската комисија за донесување Закон за Уставниот суд. Таа констатираше дека нашиот Уставен суд не успеа да прерасне во четврта власт, коректор на односите меѓу трите власти и заштитник на слободите и правата на граѓаните.

Сиљановска-Давкова укажа на важната улога во градењето уставна демократија на уставните судови на Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Словенија и на Хрватска. 

Таа се заложи за поширока надлежност на Уставниот суд: проширување на листата на заштитени слободи и права, оценка на меѓународните договори пред да бидат ратификувани од Собранието, давање финална оценка на изборите и референдумите, дислоцирање на автентичното толкување на законите од надлежност на Собранието во надлежност на Уставниот суд, воведување impeachment и за други носители на високи функции, конкретизирање на условите за „истакнат правник“ за да се оневозможи политизацијата и партизацијата, што доминирале во досегашното регрутирање на уставните судии.

Претседателката се вклучи во бурната дебата што следеше, застапувајќи и бранејќи го ставот за нужноста од уставни промени заради создавање уставен основ за донесување Закон за Уставен суд по примерот на најголемиот број развиени демократии, како и во духот на препораките на Венецијанската комисија и научната мисла.  

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Лидерот на канадските конзервативци го призна поразот и му ја честиташе победата на премиерот Карни

Следно

Прекрасен поглед на зајдисонцето по дождот и невремето во Њујорк

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop