Денот на Европа ќе биде одбележан со хуманитарна трка за Кочани

April 28, 2025
1 min read

Делегацијата на Европската Унија и мрежата Europe House годинава ќе го одбележат Денот на Европа со хуманитарна иницијатива посветена на жртвите и погодените од неодамнешната трагедија во Кочани.

На 25 мај, истовремено во седум градови низ земјата – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово – ќе се организира трка под мотото „Сите за Кочани – трчаме заедно!“. Целта на иницијативата е да се изрази солидарност и да се обезбеди директна помош за заедницата во Кочани.

Трката е отворена за сите граѓани, без оглед на возраста или физичката подготвеност. Како што посочуваат организаторите, акцентот не е ставен на спортските резултати, туку на заедничкиот чин на солидарност и поддршка.

Заинтересираните можат да се пријават преку платформата sitezakocani.mk, каде што можат да изберат град за учество. Сите средства собрани од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст на Северна Македонија, со цел да се обезбеди најнеопходната помош за погодените семејства и заедницата во Кочани.

Организаторите нагласуваат дека на 25 мај нема да се трча за медали или признанија, туку за заедништво, поддршка и вредностите што ја дефинираат современата европска идеја – солидарноста, човековото достоинство и заемната помош.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе има ли предвремени парламентарни избори заедно со локалните на есен или во друг термин?

Следно

ФОТО Галичник во сериозна опасност – патот оштетен од свлекување на земјиште

Latest from Blog

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop