Села: Таравари и Ахмети имале најмалку три средби, тоа не е лошо, Албанците треба да се обединат, загрозени се

April 27, 2025
2 mins read

Немам право, како и другите лидери на партии во Европскиот фронт што немаат право да се мешаат на кој било претседател на партија дали ќе има средби со друг политички субјект. Јас сум информиран дека имало најмалку две или три средби на кои директно се сретнале Арбен Таравари и Али Ахмети, но нема ништо лошо во тоа, оцени денеска претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, по обраќањето за упадот во Собрание – 27 април.

Прашан за тоа кој ќе биде ставот на партијата и дали е можно коалицирање во рамки на Европскиот фронт, откако минатата година Алијанса за Албанците се подели на два дела, Села вели дека партијата ќе излезе со став кога тоа прашање ќе биде ставено на маса внатре во Европскиот фронт 

– Лошо е кога се гради политичка кариера врз база на оценување на друг политичар, тогаш нормално е дека ќе бегаш како од ѓавол да не те слика некој и да се дознае дека си се сретнал. Но, со тоа треба да се соочиш, затоа велам – да, имало средби, но мене лично и на Алијанса за Албанците не ни смета, а дали треба да биде дел од Фронтот ќе кажеме кога ќе биде тоа прашање отворено внатре во Европскиот фронт, рече Села.

Според него, целиот албански политички фактор треба да се обедини, бидејќи, како што рече, политички актери „ни го укинаа правото на правична застапеност и сакаат да ни го укинат правото на јазик“. 

– Мојата порака би била, во ситуација кога политички актери сакаат да ни го укинат правото на јазик, политички актери кои ни го укинаа правото на правична застапеност, мислам дека целиот албански политички фактор треба да се обедини, и Таравари, и Меџити, и Гаши и Касами и така натаму. Јас сум го рекол тоа и во првите 100 дена од оваа Влада, за да го спречиме ова што ни се случува треба да се обедини целиот политички албански фактор, нагласи Села.

Вели секој закон што се носи со бадентеров принцип, треба и во Уставен суд да се гласа со бадентеров принцип.

– Најважно од се сега, како последица на оваа годишнина од оваа власт треба да се смени Уставот за откочување на евроинтегративните процеси. Секој закон што се носи со бадентеров принцип, треба и во Уставен суд да се гласа со бадентеров принцип. Да не даваме можност некој во иднина да игра политика со права на граѓани. Правата на граѓаните се постигнуваат и можат да се унапредат, но не и да се уназадат, рече Села. 

Прашан дали е можно повторно обединување на Алијанса за Албанците, по изјавите на Таравари дека „вратата е отворена“, Села децидно вели „не знам во кој дом и која врата ќе не вдоми таму, бидејќи тој дом и таа врата е моја. Тој нема ни дом, ни врата“.

– Јас тешко давам збор и кога носам одлука добро размислувам за тоа. Имаме еден начин на однесување како Албанци, сте слушнале на тој еден стар древен закон за тоа какви се принципите за добро однесување. Јас не знам Таравари во кој дом и која врата ќе не вдоми таму, бидејќи тој дома и таа врата е моја, тој нема ни дом ни врата. Неморално би било пред сите граѓани, не само пред членството на Алијанса за Албанците, да излезам да кажам дека ништо не се случи година дена бевме разделени сега пак ќе се припоиме. Ваквото однесување на политичари кои секој ден менуваат став и лажат, најголемата последица не е тоа што се удира врз Села и АА, туку се удира врз граѓаните, тие почнуваат да се чувствуваат апатично и незаинтересирано за политика, рече Села.

Го повика членството да се врати, бидејќи, според него, партијата треба да продолжи да гради, а не да разделува.

– Го повикувам тоа членство да се врати, бидејќи тука му е местото. Треба да продолжиме да градиме, а не да разделуваме. Вистина е дека има поминато само една година откако се разделивме, како што има и една друга вистина, му требаше само една година на Таравари да го направи тоа што го направи. Јас бев осум години претседател на партијата и таа секој ден растеше, затоа треба едно јавно извинување од негова страна. Извинувањето на политичарот е оставка за да не може повеќе да прави лошо. Тогаш тој може да биде член на Алијанса за Албанците, рече Села.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Косовскиот Парламент повторно не успеа да избере претседател

Следно

И денес седнавме до Горан Стефановски, да го прославиме денот на неговото раќање

Latest from Blog

Охриѓанец со „пасат“ удрил во столб за видеонадзор на ГП Табановце

Охриѓанец со автомобил „пасат“ удрил во метален столб со камери за видеонадзор на граничниот премин Табановце, соопшти денеска кумановската полиција. – Вчера околу 18:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на

Ниту Анчелоти, ниту Алонсо, Реал со привремен тренер ќе игра на Светското клупско првенство!

Реал Мадрид ќе прави тренерска смена во текот на летото, но главниот стратег нема да пристигне пред Светското клупско првенство, а на кормилото нема да биде ниту Карло Анчелоти. Анчелоти и Реал

Израел не сака да присуствува на расправата на МСП за неговите хуманитарни обврски кон Палестинците

АНКАРА (АА) – Израел денес го обвини Меѓународниот суд на правдата (МСП) за „антисемитизам“, велејќи дека нема да присуствува на расправата за неговите обврски да ја обезбеди итно потребната хуманитарна помош за

Сведоштва на дел од тимот на Support Kocani кои беа во дискотеката „Пулс“: Имавме среќа што бевме на влезот, некој ми подаде рака и ме спаси од најлошото

Дел од тимот на Support Kocani беше денеска во студото на ТВ21 во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21. Дарио Трифунов, Мартин Розин Сопков, Љубомир Игнатов, Бојан Манасиев беа соговорници на модераторот Јовица

„Златниот објектив“ на Кинотека оваа година му припадна на Петар Богоевски

Крајот на април во Кинотеката секоја година е резервиран за доделувањето на „Златниот објектив“. Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во
Go toTop