Турскиот министер за надворешни работи Фидан се сретна со катарските лидери во Доха

April 27, 2025
2 mins read

ДОХА (АА) – Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, за време на посетата на Катар изјави дека ПКК исто како и ДЕАШ треба да го напушти системот во Сирија, самоволно, по мирен пат, известува Анадолу.

Министерот Фидан за време на својата посета на Доха, главниот гранд на Катар, се состана со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани, и со премиерот и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, соопштија извори од турското Министерство за надворешни работи, истакнувајќи дека на средбите станало збор за унапредување на билатералните односи и координација во регионални прашања.

По средбата со премиерот и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, министерот Фидан одржа заедничка прес-конференција.

Потсетувајќи дека Туркије не прифаќа никаква иницијатива што би го нарушила територијалниот интегритет на Сирија или би го поткопала нејзиниот суверенитет, Фидан изјави дека нема да биде прифатена секоја иницијатива што би дозволила носење оружје, надвор од централната власт во Сирија.

Фидан истакна дека Анкара сака да види здрава средина во која уставот и администрацијата што треба да се подготват во Сирија ќе обезбедат еднакви можности за сите групи во земјата и додаде дека се преземени позитивни чекори во тој поглед.

Осврнувајќи се на тешката ситуација во Сирија, Фидан изјави дека со Катар и со други земји во регионот се состануваат за да разговараат за тоа што може да се направи по прашањата како што се развој, економија и санкции.

Фидан нагласи дека ќе продолжат да се спротивставуваат на групите кои ја искористуваат ситуацијата во Сирија, сакајќи да постигнат некои од своите цели и сакаат да му наштетат на територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија.

„Очекуваме договорот потпишан меѓу ЈПГ и сириската администрација во последните месеци да биде имплементиран. Очигледна е нашата чувствителност по ова прашање“, рече министерот Фидан и додаде дека очекува терористичката организација ПКК што е можно поскоро позитивно да одговори на повикот, да го положи оружјето и да престане да биде пречка за враќање на нормалниот живот во регионот.

Фидан нагласи дека регионот со години се бори со војна, превирања, окупација, крв, солзи и посочи дека во модерното време е потребно да се ослободат од нив и да изградат просперитетен, безбеден и слободен систем.

Посочувајќи дека сега е време актерите кои користат стари методи на терор и мислат дека ќе продолжат да бидат „проблем“ за владите во регионот со оружје во рака треба да го напуштат системот, министерот Фидан истакна:

„Исто како што ДЕАШ го напушти системот (во Сирија), така и ПКК ќе го напушти системот. Или ќе си замине сам по себе, во мир, во хармонија, или ќе си замине на друг начин“.

Туркије и Катар имаат слични пристапи кон регионалните конфликти, особено во однос на развојот на настаните во Сирија и Палестина. Двете влади повикаа на прекин на израелските напади врз Газа и продолжуваат да соработуваат преку билатерални канали и мултилатерални групи како што е Контактната група за Газа.

Фидан последен пат го посети Катар на почетокот на февруари, додека катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, ја посети Туркије претходно овој месец за да присуствува на состанокот на Контакт-групата на Организацијата за исламска соработка (ОИС) – Газа, чиј домаќин беше Фидан во Анталија.

Обемот на билатералната трговија меѓу Туркије и Катар надмина 1 милијарда долари во 2024 година.

Анкара и Доха ги проширија врските во последната деценија преку стратешко партнерство воспоставено во 2014 година. Двете земји редовно одржуваат состаноци на високо ниво и потпишаа повеќе од 100 договори во различни сектори.

Високиот стратешки комитет, со кој копретседатели се турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, последен пат се состана во Анкара во ноември 2024 година. Следната седница се очекува да се одржи во главниот град на Катар, Доха, оваа година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени двајца крадци од Велес на возраст од 23 и 24 години

Следно

Македонија со шест таеквондисти на Европското првенство во Талин

Latest from Blog

По 20 години Палестинците излегуваат на избори- одреден е датумот

Абас го одреди датумот со декрет, повикувајќи ги Палестинците на Западниот Брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа да гласаат. На последните избори, на 25 јануари 2006 година, исламистичката организација Хамас освои мнозинство

Мицкоски: Битола е и ќе остане еден од главните приоритети на Владата

Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ја посети Битола, каде изврши увид во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во населбата Буковски ливади. Во

Викингот Халанд го освојува Британскиот остров: Филмска најава за мега дуелот Англија – Норвешка!(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Во сабота од 23 часот се игра дуелот од 1/4 финалето на СП меѓу Англија и Норвешка. Секако дека ова во фудбалскиот свет предизвикува големо внимание, особено по фантастичните игри на

Падна товарен авион во близина на Пакистан- пронајдени се остатоците

Остатоците беа пронајдени по 12-часовно пребарување, пишува Би-Би-Си. Пребарување и пронаоѓање на остатоците Пакистанската аеродромска управа вели дека се во тек напори за лоцирање на екипажот на приватниот товарен авион К2 Ервејс.
Go toTop