ФОТО: Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребот на папата Франциск – имаше кратка средба и со Доналд Трамп!

April 26, 2025
1 min read

На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова

Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на држави, премиери и државни делегации се одвиваа бројни црковни церемонии.  

Изразувајќи длабока жалост и искрено сочувство за неговата смрт, претседателката Сиљановска-Давкова, во телеграмата до Ватикан ја потенцираше неговата импресивна и инспиративна личност како совршена хармонија на зборовите и делата. Таа, уште еднаш му оддаде заслужено признание за огромното влијание што го имаше како заколнат миротворец, хуманист и народен трибун, застапник на меѓурелигискиот дијалог и помирувањето.

Во возвишен амбиент и света миса, водена од кардиналот Џовани Батиста Ре огромниот број присутни со аплаузи и солзи го испраќаа саканиот папа во базиликата Санта Марија Маџоре, неговиот вечен дом!

За разлика од неговите претходници кои почиваат во криптата на базиликата Свети Петар, папата Франциск оставил аманет да биде погребан во Санта Марија Маџоре, една од „петте папски базилики“. Во неа, во 2015 година беше поставена плочата на македонски јазик во чест на Светите браќа Кирил и Методиј.

Минатата година, претседателката имаше аудиенција кај папата Франциск, што ја оцени како незаборавен настан, заради мудрите папски мисли за најважните светски прашања, но и неговиот респект кон нашата вековна традиција на толеранција на различностите и зрела свест за важната улога на религијата во развојот на општествената хармонија.

Папата Франциск е првиот поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил нашата земја. За време на историската посета во 2019 година тој рече: „Македонија е портата преку која христијанството влезе во Европа, бидејќи жителите на македонското тло се првите Европејци на кои апостолот Павле им го пренел Христовото учење“.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вардар прв до Ф4 турнирот од Купот на Македонија

Следно

МЗТ Скопје триумфираше, победи на ТФТ и МКК Куманово

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop