Заврши третата рунда преговори меѓу Иран и САД во Оман

April 26, 2025
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Заврши третата рунда разговори меѓу Иран и САД во Маскат, главниот град на Оман, известува Анадолу.

Иранската државна телевизија објави дека се завршени разговорите меѓу Иран и САД во Маскат.

Во Оман се одржаа и технички преговори на експертско ниво и дипломатски разговори на високо ниво меѓу двете земји.

Страните сè уште не дадоа изјава за исходот од разговорите.

– Процес на преговори меѓу Иран и САД

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој еднострано ја повлече својата земја од нуклеарниот договор со Иран во 2018 година, во март испрати писмо до иранскиот лидер ајатолахот Али Хамнеи во кое повика на директни нуклеарни преговори со Иран и во кое имало и закани.

Иран на писмото одговори преку Оман.

По размената на писма, Техеран и Вашингтон одржаа индиректни разговори во Оман на 12 април.

Страните се состанаа повторно во Рим, главниот град на Италија, на 19 април, со посредство на Оман. И Иран и САД објавија напредок во преговорите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Истрагата за првата антикорупционерка – Андоновски: Не е нарушен кредибилитетот на останатите членови на ДКСК

Следно

Селтик фудбалски шампион на Шкотска

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop