Омерагиќ на отворањето на регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул

April 25, 2025
1 min read

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори регионална канцеларија во Истанбул на пригодна свеченост на која присуствуваше и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ.

Свеченоста беше одбележана со присуство на шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган, претседателот на УЕФА Александар Чеферин, како и речиси сите претседатели на фудбалските сојузи од регионот.

Поздравувајќи го отворањето на новата регионална канцеларија во Истанбул, првиот човек на ФФМ Омерагиќ истакна дека станува збор за стратешки проект за понатамошен развој и унапредување на фудбалската соработка во Југоисточна Европа.

„Преку оваа нова канцеларија, УЕФА ќе ја зајакне својата координација со земјите од регионот, а интеграцијата на европскиот фудбал ќе се продлабочи уште повеќе“, посочи Омерагиќ. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Следно

МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Latest from Blog

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во
Go toTop