Тренчевска до Дурмиши: Кој ќе одговара за доцнењето на платите и непочитувањето на законските обврски?

April 25, 2025
1 min read

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на собраниската седница посветен на пратенички прашања упати прашање до министерот економија и труд Бесар Дурмиши, во врска со неисплатените плати на вработените министерство за економија и труд, државниот пазарен инспекторат и државниот трудов инспекторат.

„Министре дали сте свесни дека поради вашата неспособност и неспособноста на Владата на ДПМНЕ, всушност сé излезе на виделина. Илјадници вработени, меѓу кои и вработените во министерство за економија и труд, државниот пазарен инспекторат, државниот трудов инспекторат ги оставивте без плата“, рече Тренчевска.

Таа потенцираше дека тоа не е прв пат работниците да останат без плата, токму пред најгоемиот христијански празник Велигден.

„Тоа го направивте и за Нова година и за големиот христијански празник Божик, кога декемвриската плата, вработените во инспекторатите ја добија на 14 февруари. Ова не е административен пропуст, министре, ова е неспособност, ваша неспособност и неспособност на владата, но ова е и кршење на законските права на работниците, понижување на нивното достоинство, за што треба да има одговорност. Додека вие како функционери во владата уживате во луксузи со папаја и манго, работниците се оставени без плата и без основна егзистенција и тоа е тотална незаинтересираност на власта за граѓаните, за вработените, за македонскиот народ“, посочи Тренечвска.

Според неа, тоа покажува колку Дуирмиши како министер одговрен за вработените во министерството и за вработените во државниот трудов инспекторат и во пазаришниот инспекторат се грижи за нивната егзистенција.

„Да оставите луѓе без здравствено осигурување и без плата по повеќе од два месеци навистина е нешто за коешто треба да има одговорност. И затоа, министре, сакам да ги одговорите кога ќе биде исплатата на платата на овие три институции и дали конечно ќе се реши хаосот, којшто го предизвикавте со измените на ЗОРОДУ и со спојувањето на инспекторатите во министерството за економија и труд и дали вакви случаи ќе има понатаму и дали ќе има одговрност за доцнењето и непочитувањето на законските обврски за исплата на плата во 15-ти во месецот?“, рече Тренечевска.

Таа додаде дека ја повикува трудовата инспекција да направи надзор во министертвото за економија и труд.

„Како што поднесуваат кривични пријави за други работодавачи за неисплатени плати да поднесат кривична пријава и за министерот за економија и труд, затоа што неисплатата сега на платата не ви е прв пат, имаше, како што спомнав, неисплатување на плата и во јануари, исплата на плата за декември тек во февруари, па така согласно член 166 од Кривичниот закон, како што трудовата испекција поднесува кривични пријави за други работодавачи коишто не го почитуваат ова основно право на работникот за исплата на плата да поднесе кривична пријава и до министерот за економија и труд“, рече тренечевска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Следно

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Latest from Blog

НИКОЛОСКИ НАЈАВИ НОВА АВИОЛИНИЈА: Од март директен лет Охрид – Братислава

Од март оваа година ќе започне новата авиолинија Охрид – Братислава, која ќе се реализира преку авиокомпанијата „Визер“. Новата линија ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу Република Македонија и Република Словачка, како

Мечка четврти пат ограби иста слаткарница

Мечка по четврти пат ја ограби слаткарницата Глејдс Хоуммејд Кендис  (Glades Homemade Candies) во туристичкиот град Гатлинберг (Тенеси), јавува локалната телевизија Вејт (WATE). Според снимката од надзорната камера, животното ја скршило стаклената

Николоски: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава, ќе ги зголемиме економските и туристички врски меѓу двете земји

Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски
Go toTop