Индија ги повика своите граѓани во Пакистан да се вратат во земјата што е можно побрзо

April 24, 2025
1 min read

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Индија денес побара од своите граѓани кои го посетуваат Пакистан да се вратат дома „најбрзо што можат“, по еден ден откако еднострано го суспендира билатералниот пакт за споделување на води, Договорот за води на Инд, со својот западен сосед, јавува Анадолу.

Исто така, побара од индиските државјани да избегнуваат патувања во Пакистан, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Министерството најави и суспензија на визните услуги за пакистанските граѓани. Претходно, Индија ги суспендираше визите за пакистанските граѓани според рамката на Јужноазиската асоцијација за регионална соработка.

Последниот бран потези инициран од Њу Делхи доаѓа по нападот врз туристи во Кашмир под индиска управа, во кој загинаа 26 лица.

Пакистан возврати со свои мерки, меѓу кои и суспендирање на целосната трговија и затворање на копнените патишта, како и затворање на воздушниот простор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Љутков: Не ги дадовме платите пред Велигден, но го решивме проблемот!

Следно

Турскиот министер Фидан: Туркискиот свет ќе продолжи да стои покрај кипарските Турци

Latest from Blog

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop