Од унгарскиот кредит најмногу пари ќе се вложат во патишта – 17 општини не аплицирале

April 24, 2025
1 min read

Од вкупно 63 општини, дури 450 апликации се поднесени до Министерството за локална самоуправа за вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти, финансиран со унгарскиот кредит. Но, и покрај големиот интерес, 17 општини воопшто не поднеле апликации.

Според министерот за локална самоуправа, Златко Перински, 36 општини аплицирале со проекти во максималната вредност што им следува според формулата по број на жители, додека 27 општини имаат уште простор да достават дополнителни проекти до максималниот дозволен износ. Апелираше до сите локални власти да ја искористат оваа можност, бидејќи рокот за пријавување истекува на 30 април 2025 година.

Список на 17 општини кои не доставиле апликации:

Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Липково, Пробиштип, Валандово, Росоман, Боговиње, Врапчиште, Маврово Ростуше, Теарце, Дебар, Струга, Битола, Крушево и Долнени.

И од првиот, а сега и од вториот јавен повик, податоците покажуваат дека најголемиот дел од средствата ќе се насочат кон патиштата. Од вкупно 288 досега предложени проекти, 225 се однесуваат на подобрување на патната инфраструктура.

Останатите проекти се поврзани со заштита на животната средина, изградба на училишта, градинки и други капитални инвестиции на локално ниво.

Во рамки на вториот јавен повик, општините имаат на располагање средства до 15 милијарди денари, што претставува една од најголемите инвестициски поддршки за локалната самоуправа досега.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: На располагање сме како министерство да помогнеме на сите акции за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравството

Следно

Скопјанец пријавил измама – дал 23.000 евра за вработување на внукот!

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во
Go toTop