Таравари: Не може друг да кажува кој треба да биде во Владата освен премиерот

April 24, 2025
1 min read

Не може друг да кажува кој треба да биде во Владата освен премиерот, изјави денеска министерот за здравство и лидер на Алијанса за Албанците во коалицијата Влен во Владата Арбен Таравари.

Изјавите на лидерите на Влен, односно на вицепремиерот Изет Меџити ги оцени како емоционални реакции кои дојдоа откако АА одлучи да излезе со сооствени советнички листи исто како што одлучи и ЗНАМ, но во соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

„И на Влен им го предложивме истото Ова се емоционални реакции од тоа то остана во Влен. Треба да бидеме внимателни умни и рационални, бидејќи се работи за политика“, истакна Таравари. „Овој период не сакам да предвидувам, да донесувам одлуки, на крајот од краиштата доколку Влен се одлучни во тоа што го кажуваат овие 4-5 дена, ние како политичка партија ќе ги видиме нашите опции“.

На прашањето дали евентуалното излегување на АА од Влен значи и излегување од Влада, Таравари рече „не мора да значи“.

„Тоа е одлука на премиерот. Доколку премиерот смета, јас сум разговарал со него и пак ќе разговараме, но доколку тој смета дека АА не треба да биде во Владата, ние таква одлука ќе прифатиме. Но, не може никој друг да кажува освен тој што фотмира влада“, нагласи министерот за здравство и лидер на АА во коалицијата Влен Арбен Таравари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Павел: Трамп се залага за мир по секоја цена без оглед на последиците за Европа

Следно

Битола го одбележува Меѓународниот ден на џезот

Latest from Blog

Џоди Фостер: Сексуалните напасници ја користат својата моќ за да манипулираат со послабите

Дел од таа моќ, вели, произлегла од номинацијата за „Оскар“ на 12 години за нејзината улога во филмот „Таксист“ на Мартин Скорсезе, којшто „ја поставил на побезбедна основа“ во споредба со други

Ова е датумот до кој би требало да се РАСКИТИ ЕЛКАТА

Китењето на божиќното дрво и новогодишната елка за повеќето домови е најсвечениот момент во годината, симболизирајќи надеж за подобро утре и радост од новиот почеток. Меѓутоа, како што празничните денови се приближуваат

Павлова торта со јагоди и боровинки

Павлова е елегантен и лесен десерт, познат по својата крцкава кора од белки и шеќер, а внатре мека и воздушеста текстура. Во комбинација со нежен млечен шлаг и свежо овошје, оваа торта
Go toTop