Николоски на средба со Герет Томас: Во фокусот економската и стратешка соработка помеѓу двете земји

April 23, 2025
1 min read

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски во рамки на дводневната посета на високо ниво на Обединетото Кралство денеска оствари работна средба со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство.

По средбата, вицепремиерот Николоски истакна:

“ Во рамки на посетата на високо ниво на Велика Британија, денеска остварив средба со министерот за извоз и економија на Велика Британија, Герет Томас. Со него разговаравме за продлабочување на економската соработка меѓу двете држави, имајќи предвид дека Велика Британија е втор трговски партнер на Македонија.

Македонија извезува околу 2,5 милијарди евра во Велика Британија и имаме јасна цел тој извоз да расте и во скоро време да ја надминеме бројката од 3 милијарди евра извоз, што сериозно ја помага македонската економија, значи добро платени работни места и секако ќе значи нови работни места.

Со министерот за извоз и економија на Велика Британија зборувавме за инфраструктурни проекти што ги раководам како министер за транспорт и потпретседател на македонската влада, разговаравме за развојот на железницата, за развојот на автопатите и авиосообраќајот и можностите што Велика Британија ги има за да и помогне на Македонија. Разговаравме и за финансиските можности што ги има Велика Британија, секако и околу знаењата. За таа цел остваривме и средба со компанијата “Crossrail”  компанија која е на британската влада и која ја изведе првата целосно дигитализирана метро линија во Велика Британија, тоа е линијата наречена по кралицата “Елизабета”.

Во текот на денот ќе имаме средби и со претставници на финансиски институции тука во Лондон, ќе имаме средби и со други институции кои што можат да и помогнат на Република Македонија. Ќе имаме многу значајна средба со извозната агенција на Велика Британија, а во текот на утрешниот ден продолжувме со средби со министерот за Европа, специјалниот пратеник за Западен Балкан, како и Министерството за надворешни работи.

Сметам дека оваа посета на Лондон, е нов чекор во соработката меѓу Македонија и Велика Британија и со тоа ја позиционира Македонија како стартешки партнер во Југоисточна Европа на Велика Британија,  нешто што е чекор напред за сите македонски граѓани и долгорочно партнерство со држава која има огромна традиција, силна економија и како што велат е последната империја во светот”- изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОХРИДСКО ЛЕТО ЌЕ СЕ ОТВОРИ СО КОНЦЕРТ НА АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Следно

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ: Млад фудбалер почина на загревање пред натпревар

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop