Израелскиот министер Бен-Гвир со поддршка од американските републиканци за бомбардирање на складиштата со помош во Газа

April 23, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, денес изјави дека добил поддршка од американските републиканци за неговиот предлог да се бомбардираат складиштата со храна и хуманитарна помош во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Министерот синоќа беше на вечера во одморалиштето Мар-а-Лаго на американскиот претседател Доналд Трамп, во Флорида. На вечерата присуствуваа и републиканци и бизнисмени.

Во својата изјава, Бен-Гвир тврди дека високи претставници на Републиканската партија изразиле поддршка за неговиот јасен став како да се постапи во Газа и оти складиштата со храна и друга хуманитарна помош треба да бидат уништени.

Според него, ова е начин да се „создаде воен и политички притисок врз Хамас со цел безбедно враќање на заложниците“.

Од Републиканската партија засега нема официјален коментар на овие тврдења.

Бен-Гвир пристигна во САД во понеделникот, во рамки на својата прва официјална посета на Вашингтон откако се приклучи на Владата на Бенјамин Нетанјаху во 2022 година.

Во моментов, Израел верува дека 24 од 59-те преостанати заложници во Газа сѐ уште се живи.

Истовремено, повеќе од 9.500 Палестинци се затворени во израелските затвори, каде што, според бројни извештаи, се соочуваат со тортура, глад и медицинско занемарување, што доведе до смрт на повеќе затвореници.

Од 2 март, Израел ги затвори граничните премини на Газа, блокирајќи го влезот на основните производи во енклавата и покрај повеќекратните извештаи за глад на територијата уништена од војната.

Израелската Армија го продолжи нападот врз Газа на 18 март, прекршувајќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила на 19 јануари.

Израел уби речиси 51.300 Палестинци во енклавата од октомври 2023 година, од кои повеќето жени и деца.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Држава во која граѓанинот треба да плати за да добие услуга, не може да напредува“, рече Мицкоски

Следно

Обвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски Палевски тврди дека доказите на обвинителството се фалсификат

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop