Светот се простува од папата Франциск

April 21, 2025
1 min read

Светски државници со последни поздрави и зборови на сочувство за починатиот поглавар на Римокатоличката црква, папата Франциск.

„Во време на војна и бруталност, тој имаше смисла за другиот, за најкревкото посочи францускиот претседател Емануел Макрон. 

Меѓу првите кои објавија на социјалните мрежи за смртта на папата беше и холандскиот премиер Дик Шуф, кој на Х напиша дека „Папата Франциск на секој начин бил човек на народот“.

Се огласи и Германскиот канцелар во очекување Фридрих Мерц. Папата Франциск ќе биде запаметен по неуморната посветеност на најслабите членови на општеството„Тој беше воден од смиреноста и вербата во Божјата милост“, стои во објава на Мерц на платформата X.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, пак папата Франциск го нарече апостол на милоста.

„Тој беше голем апостол на милоста, во него го видовме одговорот на предизвиците на современиот свет“, рече Дуда.

Италијанската премирка Џорџа Мелони изјави дека веста за смртта на папата Франциско е причина за голема тага поради заминувањето на „голем човек – голем пастир“.

Рускиот претседател Владимир Путин се потсети на папата Франциск како „бранител на највисоките вредности на хуманизмот и правдата“, 

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс објави дека неговото срце е со милионите христијани ширум светот.

Зборови со сочуство испрати претседателот на македонскот Собранието, Африм Гаши. Посочи Тој дека смртта на папата е длабока загуба за целото човештво. Како духовен лидер на нашето време, тој ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог, станувајќи симбол на посветеноста кон заедничкото добро, напиша Гаши

Од папата Франциск се прости и скопскиот бискуп Киро Стојанов. Папата на негов својствен начин го покажуваше постојано милосрдното лице на Отецот, а посебно беше глас на сиромашните и маргинализираните. Во овие денови на жалост, како Црква сме повикани на единство и благодарност, се вели во објавата на скопскиот бискуп.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Вработените во Министерството за култура утре ќе протестираат пред Министерството

Следно

„300 стебла цреши, сите се оштетени“ – Овоштар од Тетово бара помош од општината

Latest from Blog

Коњановски: Четврта година по ред летна пракса за 40 студенти во Општина Битола

Општина Битола во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и ова лето, по четврти пат, ја организира универзитетската летна пракса, со цел унапредување на практикантската работа и поголемо вклучување на

Комуналец – Прилеп: Подобрување на јавните простори со нов парк во типската населба

Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во типската населба во Прилеп, кој се гради во близина на стадионот со вештачка трева, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и Локалната самоуправа.

МИЛИОНИ ЛУЃЕ ПРЕД МАСОВЕН ПОМОР: Еболата влезе меѓу бегалците, ИСИС не дозволува помош!

Епидемијата на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго брзо излегува од контрола и се шири со застрашувачка брзина. Локалните власти официјално соопштија дека бројот на потврдени случаи веќе достигнал 1.003,
Go toTop