Протести низ САД против политиките на администрацијата на Трамп

April 20, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Демонстранти се собраа во градовите низ Соединетите Американски Држави (САД) во координиран бран протести против политиките на претседателот Доналд Трамп, според „Њујорк Тајмс“, пренесува Анадолу.

Протестите се фокусираа на прашања од имиграцијата до граѓанските слободи и кратењата на федералните работни места.

Планирани биле над 700 демонстрации, според групата 50501, која ги организираше собирите.

Демонстрациите се случуваат две недели откако големите протести ја осудија агендата на администрацијата на Трамп и коинцидираат со зголемената загриженост на јавноста за, како што велат активистите, авторитарните тенденции на американското раководство.

Додека многу демонстрации наликуваа на традиционални собири, други беа организирани како настани во заедницата, меѓу кои и разнесување храна, со цел поттикнување на солидарноста.

Во Вашингтон, стотици демонстранти се собраа северно од Белата куќа барајќи правда за Килмар Абрего Гарсија, жител на Мериленд, кој неправедно е депортиран во Ел Салвадор. Демонстрантите побараа од федералната влада да го врати во САД.

Арон Бурк, чија партнерка неодамна ја напуштила работата во Одделот за енергетика според федералната понуда за отплата, за весникот изјави дека се плаши дека депортацијата на недокументираните имигранти без соодветен процес може да го отвори патот за пошироко кршење на граѓанските слободи, вклучително и таргетирање на Американци.

„Ја губиме нашата земја“, рече Сара Харви, која беше на демонстрациите протестирајќи за намалувањето на федералните работни места и учеството на националните собири на 5 април. „Го правам тоа за моите внуци“, изјави таа за весникот.

Собири се одржаа во разни градови, меѓу кои и Вашингтон, Лос Анџелес и Џексонвил, Флорида, објави весникот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам сплотени и солидарни да ги надминеме искушенијата

Следно

Филип Петрушев сака да се врати во НБА лигата

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип се приклучи на „Генералка викенд 2026“

Во Општина Пробиштип започна еколошката акција „Генералка викенд 2026“, со која се испраќа порака за поголема грижа за животната средина и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Коњановски: „СИ-ДО“ три децении ја негува детската музика во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од детскиот музички фестивал „СИ-ДО“, при што порача дека фестивалот претставува значаен дел од културниот идентитет на градот и симбол на

Божиновска во интервју за Макфакс: Енергетската безбедност се гради со диверзификација и домашни капацитети

Во услови на продолжена геополитичка неизвесност, енергетската безбедност стана стратешки приоритет за сите земји. Како Северна Македонија ја приспособува својата енергетска политика на оваа нова реалност? Геополитичките случувања, без разлика дали се

ВЛЕН утре влегува во нова ера: Пет партии се спојуваат во еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН утре, на 9 Мај – Денот на Европа, ќе одржи Конгрес на обединување на кој пет политички субјекти и официјално ќе донесат одлука да настапуваат како единствен политички субјект во
Go toTop