Тошковски: Неприлагодена брзина причина за несреќата кај Кичево, бројките за жртви во сообраќајот се катастрофални

April 19, 2025
1 min read

Според првичните информации, причина за вчерашната сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени, е неприлагодената брзина на патот, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој денеска го посети СВР Охрид.

„Во синоќешната несреќа, за жал, животот го загубија три лица. Според првичните податоци, едниот од учесниците во несреќата возел со огромна брзина, што, за жал, доведе до фатални последици“, истакна Тошковски.

Министерот додаде дека бројот на сообраќајни жртви во првото тримесечје од оваа година е приближно на исто ниво како и минатата година, но нагласи дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди.

„Во иднина максимално мора да се фокусираме кон поголемо смирување на сообраќајот од секој аспект, како и на имплементирање на проектот ‘Безбеден град’ на цела територија на државата“, додаде Тошковски.

Како што соопшти министерот, минатата недела, на ЕНЕР беа ставени на разгледување дел од законите потребни за спроведување на проектот „Безбеден град“.

Несреќата се случи вчера на патот помеѓу Кичево и селото Трапчин дол, а според првичните информации од портпаролот на СВР Охрид, во инцидентот биле вклучени три возила.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција

Следно

МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ ЌЕ СЕ ОТВОРАТ НА 9 МАЈ СО ПРЕМИЕРАТА НА „РИГОЛЕТО“ ВО РЕЖИЈА НА ИТАЛИЈАНЕЦОТ МАЕСТРИНИ

Latest from Blog

Продолжува јавната дебата за плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

Општина Битола денеска го одржа вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој беа презентирани повеќе предлог-идеи за неговата иднина и можното ново обликување на просторот. На форумот

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Израелскиот аналитичар за одбрана, Бени Сабти, изјави дека САД можеби ќе мора да претрпат уште еден голем напад за да ја вратат поддршката за Израел. Сабти, експерт за Иран во израелскиот Институт

Стентон Градба успешно го реализираше индустрискиот капацитет на Brainchild

Новиот производствен објект на компанијата Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола е завршен и ставен во функција, а изведбата на проектот ја реализираше градежната компанија Стентон Градба, која уште еднаш го потврди
Go toTop