ВИДЕО Возачот кој влечеше коњ низ Скопје е идентификуван – случајот пријавен кај јавен обвинител

April 18, 2025
1 min read

Министерството за внатрешни работи информираше дека е идентификуван возачот кој вчера беше снимен како со патничко возило влече врзан коњ низ скопските улици. Станува збор за автомобил марка „Голф“ со скопски регистарски ознаки, а видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Полициските службеници од СВР Скопје веднаш презеле мерки за да го утврдат идентитетот на сторителот и да го документираат случајот како можен акт на мачење на животни, дело казниво по член 233 од Кривичниот законик.

„По сите преземени мерки и дејствија, СВР Скопје го утврди возачот на возилото. Со него е извршен службен разговор, а случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител“, се наведува во соопштението на МВР.

Според истото соопштение, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде доставен целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување по насоки на обвинителот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блокадата на објекти на РТС во Белград и понатаму трае

Следно

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop