Во Кривичниот суд прво рочиште за кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница

February 28, 2023
2 mins read

Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска треба да почне судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Советот за оценка на обвинителниот акт на 13 февруари го одобри во целост обвинението и за денеска го закжа првото рочиште.

Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.
Во текот на постапката, како што информирааат од ОЈО Скопје, јавниот обвинител обезбедил докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од Ковид – 19, кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари или 1,57 милиони евра.

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Ковид-19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од Ковид-19.

На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Жан Митрев уверува дека е невин и тврди дека не бил измамен ниту еден пациент.

Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Светска банка: Штетите од земјотресите во Турција надминуваат 34 милијарди долари

Следно

Во Украина мобилизацијата оди сè потешко

Latest from Blog

Солена пита со спанаќ и сирење

Потребни состојки: 3 чаши брашно и малку за посипување 150 грама путер (ладен) 2 јајца 3 лажици ладна вода 1/2 лажичка сол 1 лажичка сушен босилек (или оригано) За Фил: 300 грама

Ацевски: Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на ОО СДСМ – Ѓорче Петров, оставки треба да поднесат Филипче и целото раководство на СДСМ

Кандидатот за градоначлник за општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски после катастрофалниот пораз на овие локални избори поднесе неотповиклива оставка од претседател на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, притоа појаснувајќи го

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе

Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди

Единствениот преживеан во авионската несреќа на Ер Индија во која загинаа 241 лице: „Не сакам да разговарам со никого“

Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка.

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што
Go toTop