Анчелоти за неговата иднина во Реал: Не знам и не сакам да знам

April 17, 2025
1 min read

Првпат откако е тренер на Реал, Карло Анчелоти не успеа да го однесе својот тим во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Синоќа, мадридскиот тим беше елиминиран од Арсенал во четвртфиналната фаза и тоа е само потврда дека сезонава, работите за Реал не одеа според посакуваното. Тимот се уште има шанси за двојна круна во шпанскиот фудбал, но таму има сериозна конкуренција во Барселона.

На прес-конференцијата по натпреварот, Анчелоти беше прашан за неговата иднина во Реал. но неговиот одговор ги изненади сите.

„Уште сме во игра за освојување на Ла Лига, Копа дел Реј и Светското клупско првенство. Не можам сега да зборувам дали ќе го водам Реал во јуни, ако клубот одлучи да ме смени, нема проблеми. Не знам каква е мојата иднина тука и не сакам да знам“, рече Анчелоти.

Последните две години тој се поврзуваше со селекторската позиција во репрезентацијата на Бразил, но Италијанецот упорно негираше дека има договор со „кариоките“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Македонија храната се чува во несоодветни услови, она што го откриле инспекторите на терен е запрепастувачко

Следно

Партиите се подготвуваат за локални избори во сенка на трагедијата во Кочани и на глобалните промени

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕБ досега одобри 314 милиони евра за 10 проекти во Македонија

17 септември 2026 година, Скопје – Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура
Go toTop