Администрацијата на Трамп сака да затвори речиси 30 амбасади и конзулати на САД

April 16, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува план за затворање на речиси 30 амбасади и конзулати низ светот, во рамки на напорите за намалување на дипломатското присуство на САД во странство, јавува „Си-ен-ен“, повикувајќи се на внатрешен документ од Стејт департментот, јавува Анадолу.

Документот, кој ги содржи препораките од потсекретарот за менаџмент, предвидува затворање на 10 амбасади и 17 конзулати, од кои најголемиот дел се наоѓаат во Европа и Африка.

Меѓу дипломатските мисии за кои се предлага затворање се амбасадите во Малта, Луксембург, Лесото, Република Конго, Централноафриканската Република и Јужен Судан, како и конзулатите во Франција, Германија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Кореја.

Сѐ уште не е јасно дали државниот секретар Марко Рубио го одобрил овој предлог. Според наводите, затворањето на дипломатските претставништва би било надоместено со префрлање на нивните обврски на соседни амбасади.

Во документот исто така се препорачува и намалување на американското дипломатско присуство во Ирак и Сомалија, како и „приспособување на големината“ на други мисии. Една од сугестиите е создавање на таканаречени „FLEX-стил мисии“ со ограничен број персонал и одговорности, како и централизирање на конзуларната поддршка во поголеми амбасади во земји како Јапонија и Канада.

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, одби да ја потврди автентичноста на документот или да сподели конкретни детали за потенцијалните затворања.

„Ви препорачувам да се обратите до Белата куќа и претседателот на САД, кои сѐ уште работат на својот буџетски план“, изјави Брус на прес-конференција.

Таа додаде дека „често пати бројките што ги гледаме во медиумите се рани или неточни, врз основа на протечени документи од непознати извори“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Супер добитен март со ВЛТ: Видеолотарија Касинос Австрија на играчите им исплати 64.182.837 денари

Следно

Енрике: Второто полувреме беше тешко за нас, но заслужено сме полуфиналисти

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop