„Како лабораториски глушец сум“: Легендарниот Замброта би можел да ги загуби нозете

April 15, 2025
1 min read

Легендарниот италијански фудбалер и поранешен играч на Барселона, Јувентус и Милан, Џанлука Замброта, минува низ многу тежок период поради проблеми со колената.

Тој има изразени деформитети на колената. Нозете му се целосно искривени, а Замборта откри дека наскоро ќе мора да оди на сложена операција за да не мора да носи целосна протеза.

-Немав сериозни повреди во текот на мојата кариера, но имав три операции на менискусот. Денес веќе немам медијален менискус ниту на левото, ниту на десното колено, а со текот на времето нозете ми се искривија. Сега сум како лабораториски глушец, лекарите ме гледаат и се прашуваат како можам дури и да одам, рече тој.

Наскоро ќе има операција на двете колена.

-Ќе ми ја исечат коската над и под коленото, ќе ми стават протези и ќе се обидат да ми ги исправат нозете, се за да избегнам целосна протеза, барем засега, изјавил уште Џанлука Замброта, цитиран од италијанските медиуми.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Дел од македонските великани овековечени со “ВИ”

Следно

Узунов во Отворено: Царините на Трамп покажаа дека стратешкото партнерство на Македонија со САД е само за чалам

Latest from Blog

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна
Go toTop