Макрон: Отворањето на сите хуманитарни премини во Газа е неопходно за живот на цивилите

April 15, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денес ја нагласи итната потреба од отворање на сите хуманитарни премини кон Газа, оценувајќи дека тоа е неопходно за живот на цивилното население, додека хуманитарната криза во палестинската енклава сè повеќе се продлабочува, јавува Анадолу.

„Само што разговарав со (израелскиот) премиер Бенјамин Нетанјаху“, соопшти Макрон на социјалната мрежа Х.

Тој повтори дека Франција стои цврсто зад безбедноста на Израел и неговиот народ, додавајќи дека ослободувањето на сите заложници останува „апсолутен приоритет“.

Сепак, Макрон нагласи дека прекинот на огнот е единствениот пат за да се обезбеди ослободување на преостанатите заложници и да се ублажи страдањето на цивилите во Газа.

„Отворањето на сите хуманитарни премини е неопходно за живот за цивилното население на Газа“, истакна Макрон.

„Го видов тоа во Ел-Ариш, хуманитарната помош е блокирана од другата страна на границата. Таа мора да стигне до цивилите што е можно побрзо. Маките што населението на Газа ги трпи морат да престанат“, додаде тој.

Макрон изрази надеж дека во наредните часови ќе се обезбеди ослободување на уште заложници и политички пробив.

Тој ги даде овие изјави по неколку дена откако најави дека Франција би можела да ја признае палестинската држава „во следните месеци“, потенцијално за време на конференцијата на ОН што ќе се одржи во Њујорк во јуни.

„Мораме да се придвижуваме кон признавање, и ќе го направиме тоа“, изјави Макрон минатата недела во телевизиско интервју, повикувајќи на меѓусебно признавање помеѓу Израел и арапските држави.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извештајот на ДЗСИ за смртта на 57-годишниот маж – немало оперативна сала, било предложено да се оперира во странство

Следно

Прекината конститутивната седница на Собранието на Косово

Latest from Blog

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот

Николоски: Над 409.000 патници на скопскиот аеродром во јули – нов историски рекорд

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето
Go toTop